15 бонтон-правила што треба да ги знае секое дете
Секој родител има обврска да го научи своето дете на добро однесување. Поседување добри манири уште од детството прави голема разлика во растењето и во понатамошното однесување. Поради тоа, овие 15 бонтон-лекции треба да ги знае секое дете.
1. Учтивоста е многу важна карактеристика затоа што покажува почит кон постарите лица.
2. Важно е секојдневно да се користат зборовите како „благодарам“, „ве молам“, „нема за што“ и „извинете“.
3. Правилното однесување на масата и за време на оброците е многу важно.
4. Никогаш не треба да прекинувате постара личност додека разговара со друго лице.
5. Никогаш не треба да се коментира туѓиот изглед, освен ако немате намера да кажете нешто убаво.
6. Научете како да дадете комплимент на вистински начин.
7. Треба да му се помогне на некој што е во неволја, особено ако станува збор за личност која е беспомошна или слаба.
8. Научете како правилно да се претставите себе си и другите.
9. Како да бидете свесни за позитивниот говор на телото и како да го покажете тоа.
10. Треба да знаете како да воспоставите контакт со очите за време на разговорот со друга личност.
11. Не треба да им се обраќате на возрасните на име, освен ако тие не го побарале тоа. Наместо тоа, може да се додадат „тетка“ или „чичко“ пред името.
12. Секогаш тропајте на вратата пред да ја отворите.
13. Секогаш одговарајте учтиво на телефонските повици.
14. Не треба да покажувате со прст.
15. Секогаш треба да ја покривате устата додека кашлате или се проѕевате.
Прочитајте кои се 15-те правила на однесување кои секоја дама треба да ги почитува.