14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнис
8. Можете да бидете сам свој шеф
Освен ако не планирате да најмите директор што ќе го води бизнисот, вие ќе бидете новиот шеф. Ова значи дека ќе бидете одговорни, ќе се грижите за вашиот распоред и ќе се справувате со големите проблеми. Над вас ќе нема никој друг за да ви помогне.
9. Знаете да бидете шеф на други
Доколку имате вработени, ќе бидете нивен шеф. Ова значи дека ќе треба ефективно да се справите со процесот на вработување и тренирање, да се справите со проблемите и да ги мотивирате вработените.
10. Имате мрежа
Ако веќе знаете многу луѓе во посакуваната индустрија, ова може да биде клучно за вашиот успех. Комуницирањето со мрежата ќе ви помогне да добиете совети, препораки, па дури и да најдете потенцијални клиенти и потрошувачи.
11. Имате систем за поддршка
Не е лесно да започнете сопствен бизнис, но ако имате семејство и пријатели кои се овде за вас ќе ви биде многу подобро. Не само што ќе имате на кого да се потпрете кога ќе наидете на проблеми, туку ќе имате со кого да ги прославувате успесите.
12. Подготвени се да ги издржите и добрите и лошите периоди
Ако сакате сопствен бизнис, подгответе се за вистинска луда железница. Со секој успешен чекор напред, може да има неуспеси кои ќе ве присилат да се вратите назад. Но овие проблеми не мора да бидат постојани пречки. Потребно е да го прифатите неуспехот и да продолжите да се борите.
13. Подготвени сте за неуспех
И покрај целото планирање и напорна работа, постојат безброј други фактори кои можат да имаат влијание на успехот на вашиот бизнис. Ова значи дека иако е тешко да признаете, постои можност вашиот бизнис да не успее. Во тој случај потребно е да можете да се справите со финансиските и емоционалните последици. Пред да го направите чекорот, осигурете се дека сте целосно свесни за ризиците.
14. Подготвени сте за успех
Потребно е да бидете подготвени и за успех. Ако нештата одат по план, постојано ќе имате работа и вашиот распоред ќе биде натрупан. Ќе треба да се справувате со одговорностите кои постојно се појавуваат и ќе треба да донесувате смели одлуки. Можеби ќе треба да се справите со повеќе вработени и со повеќе пари отколку што сте мислеле. Важно е да разберете што навистина доаѓа со успехот.
Ако се пронајдовте во овие точки, најверојатно сте подготвени за сопствен бизнис. Со среќа!
Погледнете и зошто е одлично да започнете сопствен бизнис.