14 знаци кои покажуваат дека сте подготвени за сопствен бизнис
Дали некогаш сте сонувале да ѝ дадете шанса на вашата страст или да станете ваш шеф? Тогаш можеби започнувањето сопствен бизнис е вашиот пат кон среќата. Можеби сега е вистинскиот момент да го направите тоа. Може да биде навистина возбудливо да започнете сопствен бизнис, но и овде има ризици. Ако сериозно сте размислувале за оваа тема, погледнете ги знаците што ќе ви покажат дека сте подготвени за овој чекор.
1. Имате неверојатна идеја
Првото нешто што ви е потребно за започнување бизнис е идеја. Ова не може да биде која било идеја, тоа треба да биде нешто оригинално, изводливо и со добра шанса за успех. Но ако сè уште не сте добиле инспирација, немојте да се грижите. За да бидете успешни потребно е да добиете многу идеи. За да ги добиете можете да правите сè, од размислување за тоа која технологија е на хоризонтот до наоѓање решение за нешто што ви смета. Размислете што ве фрустрира, и ете ја вашата бизнис идеја.
2. Гледате отворено место на пазарот
Започнувањето нов бизнис не мора секогаш да значи смислување нешто сосема ново. Разгледајте ги индустриите што ви се допаѓаат. Размислете дали им недостасува некој клучен продукт или услуга, или размислете дали постои некоја иновација на веќе постоечки проект.
3. Имате реалистичен бизнис план
Пред да започнете со авантурата, потребно е да знаете како ќе се справите со предизвиците пред вас. Бизнис планот е еден од најважните чекори кога станува збор за станување ваш шеф. Вашиот план треба да ги опфаќа првите 3 до 5 години и да има цели.
4. Имате пари за инвестирање или имате инвеститори
За започнување нов бизнис потребни се пари, најчесто многу. Ако сакате да започнете ваша компанија, потребни ви се пари. Ова значи дека или имате некоја заштеда, или имате инвеститори кои ќе ви помогнат.
5. Можете да се издржите финансиски додека да започнете
Постојат бизниси кои можете да ги водите од страна додека сè уште сте на редовното работно место. Но, ако бизнисот го бара целото ваше внимание и енергија, ќе треба да дадете отказ пред да ја започнете компанијата. Во овој случај сигурно ќе ви треба заштеда со која ќе можете да ги покриете трошоците од првата година.
6. Долговите се под контрола и имате добар кредит
Иако е од помош да бидете финансиски сигурни пред да го започнете вашиот бизнис, важно е да се осигурите дека и кредитот ви е на добро место. Со текот на времето ќе се соочувате со ситуации во кои добриот кредит ќе биде на ваша страна, како на пример, кога барате заем или изнајмувате канцеларија.
7. Сакате постојано да учите нови вештини
Водењето бизнис значи преземање на сите задачи што сте ги планирале, како и преземање на неочекуваните одговорности што ќе се појавуваат. За да бидете успешен сопственик на бизнис, потребно е да продолжите да учите нови вештини.
Продолжува на следната страница…