14 знаци дека сте поподготвени за иднината отколку што мислите
Веројатно често се прашувате што носи иднината и дали сте подготвени за неа. Можеби само што сте почнале со работа, само што сте завршиле факултет, или сте решиле да се одделите од родителите и сами да го освоите светот. Како и да е, постојат неколку знаци коишто ќе ви докажат дека всушност сте поподготвени за иднината отколку што мислите. Погледнете за кои станува збор.
1. Јасно ви е дека живеењето според линеарниот модел на старите генерации нема да ве одведе никаде и не ви гарантира заштита од непредвидливите промени или потенцијалните катастрофи. Вашата цел е да најдете начин за пасивна заработка, истовремено охрабрувајќи ги другите самите да си го создаваат животот, наместо да чекаат да им се случи.
2. Посвесни сте од просечната личност и можете да препознаете на кој начин сте различни, колку потенцијал имате, како да ги искористите вашите уникатни вештини, како да го изградите саканиот живот со она што го имате и како да го дефинирате успехот за вас.
3. Знаете дека немате 50 години за чекање за да го живеете животот што го сакате или да оставите сè за откако ќе се пензионирате. Стравот од иднината не ве парализира и јасно ви е дека ако немате цврста цел нема да си ги исполните желбите, ниту пак да бидете подготвени за иднината. Се фокусирате на она што навистина ви предизвикува задоволство.
4. Не зависите од туѓите мислења и не ја дефинирате вашата вредност според нив. Не чекате ничие признание за да го живеете животот што го сакате. Знаете дека е потрошено време да живеете нечиј туѓ сон и да го запоставите вашиот. Свесни сте дека животот минува и дека на овој начин би испуштиле многу можности, а само ќе задоволувате луѓе кои не се грижат толку за вас.
5. Безмилосно ги елиминирате нештата, луѓето, идеите и верувањата што не ви дозволуваат да ја стигнете вашата цел. Не се помирувате со помалку од она што го сакате и постојано барате начин да го промените вашиот живот земајќи ги предвид сите можности. Вие верувате дека вашата судбина е во вашите раце.
6. Преземате одговорност за вашите грешки и за минатото, но не дозволувате да се претворат во страшно пророштво. Сте научиле од грешките и барате нов пристап кон целта што не сте ја стигнале досега. Бидејќи постојано учите и се менувате, одлично сте подготвени за иднината и тоа многу подобро од луѓето кои само се жалат, чувствуваат гнев и ги обвинуваат другите за нивната несреќа.
7. Не ви е проблем да имате помалку и го чувате само она што му дава вредност на вашиот живот. Избегнувате да трошите време и пари на нешта од здодевност, стрес, страв или социјално прифаќање. Паметно ги распоредувате вашите ресурси на начин којшто ви помага да се движите напред. Станувате помалку зависни од корпорациите кои не се изедначени со вашите вредности и не собирате работи што само другите ве убедуваат дека ви требаат.
8. Секогаш ја гледате големата слика и не трошите многу време на малите детали и грешки. Истовремено ментално сте подготвени да се соочите со ситуации кои нема да се одвиваат по вашиот план. Наоѓате рамнотежа помеѓу скептицизмот и идеализмот, а ова ви овозможува да направите стратегија за вашиот живот.
9. Наместо да се чувствувате покорено од лошите периоди, ги користите овие моменти да размислите за себе и за своите постапки, но и да се соочите со грешките. Сакате да се адаптирате и да се променувате на начин на којшто ви овозможува да преземате контрола над вашите околности.
10. Не се грижите премногу за драмата на луѓето кои не разбираат дека сакате да созреете, да ја создадете совршената иднина и да имате поголеми цели, отколку само да бидете потрошувач во општеството. Сакате да го откриете вашиот вистински потенцијал, да создадете безброј можности за себе и да се ослободите од животот што сами ви носи незадоволство.
11. Не сте емоционално приврзани со големината на вашите соништа. Наместо тоа имате неколку цели што ви дозволуваат да се промените и да добиете повеќе во иднина. Сепак знаете дека дури и ако се случи нешто катастрофално, ќе бидете задоволни да живеете со помалку.
12. На другите им е тешко да ве манипулираат. Знаете да ги одделите чувствата од вистината и донесувате одлуки без да потпаѓате на искушенија.
13. Ја слушате и ѝ верувате на вашата интуицијата. Јасно ви е дека во тешките околности најдобро е да го слушате вашиот инстинкт, без разлика колку другите се обидуваат да ве убедат дека грешите. Сте научиле дека силната интуиција може да ве спаси од вистинска катастрофа бидејќи така било во минатото, а така ќе биде и во иднина.
14. Ја знаете најголемата вистина – животот нема да трае вечно. Се движите внимателно, но сте доволно храбри и отпорни да го исполните животот со вистински оган. Ги добивате предлозите кои ве држат заробени и мали и не сакате луѓе кои не размислуваат големо и кои не ги оправдуваат вашите избори. Се претворате во подобра верзија од себе која е секогаш подготвена за несигурноста што ја носи иднината.
Дознајте кои се убијците на среќата кои ви ги крадат шансите за успех.