14 значајни реченици што ќе им ги стопат срцата на вашите родители

14 значајни реченици што ќе им ги стопат срцата на вашите родители

Постојат многу едноставни, но значајни зборови што би требало почесто да им ги кажувате на вашите родители. Меѓутоа, многумина од нас воопшто не ни помислуваат на тоа, ниту, пак, им дошло да ја покажат нивната љубов на таков начин. Сѐ додека и самите не добиеме деца, многу ретко им придаваме значење на сите напори што ги прават нашите родители со цел да нѐ претворат во добри луѓе. Не чекајте го вистинскиот момент, туку кажете им ги овие 14 работи на вашите родители уште денес…

14 значајни реченици што ќе им ги стопат срцата на вашите родители

1. „Мислам на вас секој ден од мојот живот“

Вашите родители треба да знаат дека иако сте зафатени и уморни, сепак мислите на нив и ја чувствувате посебната врска што постои меѓу вас.

2. „Гордост е што сум ваше дете“

Вашите родители секогаш биле тука за вас. Ви дале сѐ и ве научиле сѐ што треба за да станете силни и независни.

3. „Ја ценам секоја ситница што сте ја направиле за мене“

Родителите направиле толку многу работи за вас. Иако можеби не сте им кажале „Благодарам“ кога требало, тоа не значи дека не сте го забележале тоа и сте го земале здраво за готово. Тие треба да знаат колку сте благодарни што ги имате во вашиот живот.

4. „Ве познавам“

Вие многу добро знаете дека никој не е совршен и дека сите сме луѓе. Кажете им го тоа. Разбирате дека и тие имале свои проблеми и потешкотии низ кои минувале, но биле доволно храбри за да ве донесат на овој свет, а тоа е нивниот најголем подарок. Секогаш ги поддржувале сите ваши подвизи и токму поради тоа сте силни и храбри за да одите понатаму во животот. Вашите родители треба да знаат дека се чувствувате на овој начин.

5. „Многу ми недостасувате“

Можеби сега сте далеку од нив, зафатени со вашата кариера и создавање на ваше сопствено семејство. Но, и покрај тоа, вашите родители треба да знаат дека ви недостасуваат. Тие секогаш ве охрабрувале да ги следите вашите соништа и да ги остварувате вашите цели. Дајте сѐ од себе за да ги направите горди.

6. „Јас сум подобра личност поради вас“

Никогаш не сте се разочарале себеси и другите. Сте успеале да станете добродушни и силни, затоа што вашите родители ја насадиле добрината и чесноста во вашето срце. Дајте им го тоа до знаење.

7. „Не постојат зборови со кои би можел/а да ја искажам мојата љубов кон вас“

Тие секогаш ви велеле дека делата зборуваат погласно од зборовите. Го знаете тоа благодарение на нив.

14 значајни реченици што ќе им ги стопат срцата на вашите родители

8. „Знам што сѐ сте жртвувале за мене и го носам тоа во мојот ум и во моето срце“

Сите родители си ги сакаат децата, но не секој е подготвен да го стави детето на прво место и да ги жртвува сите сопствени интереси. Но, вашите родители го направиле тоа. Секоја нивна одлука била во ваша корист. Вашите родители треба да бидат свесни дека го знаете тоа.

9. „Мој најголем страв е тоа дека еден ден ќе ве изгубам“

Треба да го прифатите фактот дека тие нема да бидат засекогаш тука за вас. Еден ден ќе станете човек без родители и нормално е тоа да ве плаши. Ќе мора да продолжите по вашиот пат, дури и кога вашите родители ќе ги нема. Можеби никогаш нема да се помирите со тоа, но важно е вашите родители да знаат колку ви значат и колкава улога имаат во вашиот живот.

10. „Извинете“

Сте направиле многу грешки, но од секоја сте научиле нешто ново. Треба да им се извините на родителите за тие моменти кога сте им нанеле болка, иако не сте го направиле тоа намерно.

11. „Секогаш ќе бидете мои најдобри пријатели“

Вашите родители се незаменливи и секогаш ќе бидат луѓето со кои ќе сакате да ги споделите сите посебни моменти.

12. „Вие сте моите херои“

Тие ви овозможиле толку многу среќни моменти, што слободно може да ги сметате за ваши херои. Тие не само што ви подариле живот, туку и секогаш биле тука за вас кога ви биле најпотребни.

13. „Моите деца секогаш ќе бидат неразделен дел од вашиот живот“

Уверете ги дека никогаш нема да ги разделите од нивните внуци. За секој родител најголема радост е времето поминато со внуците, така што никогаш не им го одземајте тоа.

14. „Секогаш ќе бидете во моето срце“

На вашите родители многу ќе им значи доколку знаат дека засекогаш ќе се сеќавате на нив. Тие секогаш ќе останат покрај вас, дури и тогаш кога ќе се збогувате за последен пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар