14 застарени совети за одгледување деца што модерните мајки би требало да ги избегнуваат
8. Треба да ги триете непцата на детето со лук за побрзо да му излезат забите
Стомакот на бебето е навистина чувствителен, па не се препорачува да му давате свеж лук барем до 4-годишна возраст. Но можете да додадете сварен лук во неговата храна откако ќе наполни 8-9 месеци. Кога станува збор за растењето на забите, набавете му специјална играчка за џвакање.
9. Не треба да му облекувате светла облека на детето бидејќи ќе има тетоважи и пирсови кога ќе порасне
Психолозите велат дека тетоважите се поврзани со искажувањето на личноста, желбата да се истакнат и да се изолираат од стравовите. Оваа поврзаност помеѓу тетоважите и светлата облека не е докажана. Всушност, луѓето правеле тетоважи уште пред да постои облеката со светла боја.
10. Треба темелно да ги исчистите градите пред доење бидејќи се валкани
Редовното чистење на градите може да им штети и на детето и на мајката. Корисниот слој бактерии ќе се отстрани од кожата и бебето нема да ги внесе со млекото, додека кај мајката ќе се зголеми ризикот од пукнатини на брадавиците.
11. Потребно е да го завивате бебето за нозете да му пораснат прави
Денешните експертни сметаат дека завивањето му предизвикува неудобност на бебето и нема никакво влијание на формата на неговите нозе. Педијатарите препорачуваат воопшто да не го завивате.
12. Треба да му ја заврзете долната вилица на бебето ако спие со отворена уста
Веројатно бебето не може да дише преку неговиот нос доколку спие со отворена уста. Важно е да му ги чистите синусите и да го навлажнувате воздухот во собата, но никако немојте да му ја врзувате вилицата.
13. Доколку сметате дека има дисплазија, дајте му на детето да шмука опашка од харинга
Дисплазијата на колк е болест што може да ја дијагностицира и лекува само доктор. Не треба да пробувате народни лекови бидејќи можете да ја влошите ситуацијата. Покрај тоа, рибата е храна што педијатарите не ја препорачуваат за деца помлади од 8 месеци.
14. Потребно е да му ставате капа на детето за да нема клемпави уши
Формата на ушите е одредена од генетиката. Па капата нема да го промени нивниот изглед, туку само може да направи да му биде премногу топло на детето. Немојте да го облекувате премногу ако температурата во просторијата е висока.
Погледнете и кои се работите за кои новите мајки не треба да се грижат.