14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

Во текот на прекрасната летна сезона, луѓето обожаваат да одат на забави и свадби, а на ваквите настани жените најчесто носат лесни, летни фустани и прекрасни чевли на високи штикли. И покрај тоа што високите штикли ја издолжуваат вашата нога и прават тие да изгледаат поелегантно, не можат да се наречат ваши „пријателки“, бидејќи во поголем дел од времето ви предизвикуваат убиствена болка во стапалата, особено при крајот на вечерта. Многу често, ќе се најдете во ситуација да најдете решение коешто ќе го стопира сето ова страдање.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

За таа цел, прочитајте ги овие 14 трикови за преживување на вечерите кога ги носите вашите омилени високи штикли. Со нивна помош, ќе можете да ги носите кога и да посакате, без да се грижите за болката.

1. Ставете ги вашите штикли во замрзнувач

Ставете ги вашите штикли во замрзнувач 30 минути. Кога ќе ги облечете вашите студени чевли, ќе забележите како материјалот почнува да се прилагодува на формата на вашите топли стапала. Исто така, можете да пробате да ставите кеса полна со вода во чевлите и така да ги ставите во ладилникот. Замрзнатата вода ќе ги рашири малку вашите тесни штикли.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

2. Чорапи и топла вода

Со помош на топла вода намокрете еден пар памучни чорапи и облечете ги пред да ги вметнете стапалата во штиклите. Поносете ги некое време така низ дома, пред да треба да излезете надвор. Голема е веројатноста дека чевлите ќе се растегнат малце и веројатно нема толку многу да ве измачуваат.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

3. Селотејп што лепи од двете страни

Со помош на двостран селотејп, залепете го долниот дел од стапалата со внатрешноста на чевлите. Овој трик, ќе ги задржи вашите стапала фиксирани за чевлите, а што е уште поважно ќе спречи појава на плускавци и болка во прстите.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

4. Специјални влошки за високи штикли

Овие влошки се специјално дизајнирани за високи потпетици, а најчесто се направени од силикон или од некоја ткаенина. Ваквите малечки чорапчиња ќе го спречат движењето на вашите стапала кон предниот дел од штиклите, а самото тоа ќе ја намали болката и појавата на плускавци. Доколку носите штикли со отворени прсти, одберете ги силиконските влошки. Силиконските перничиња се практично невидливи, бидејќи се вметнуваат под стапалата, но ја овозможуваат истата заштита.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

5. Хидрантна крема

Доколку нанесете малку хидрантна крема на вашите стапала, пред да ги облечете вашите високи штикли, тоа може да го намали триењето, болката и да спречи појава на плускавци, особено ако чевлите ви се нови и тесни.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

6. Бебешка пудра

Доколку ви се наоѓа бебешка пудра низ вашиот дом, пробајте го овој трик на некој пар високи потпетици. Пудрата ќе го спречи прекумерното потење и лизгање на стапалата, а тоа од своја страна ќе го минимизира триењето и евентуалните повреди.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар