14 симптоми за зголемено ниво на шеќер во крвта (и каков вид храна е препорачано да јадете)
Дијабетесот е хронична болест која настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го употреби веќе произведениот инсулин. Инсулинот е хормон кој го произведува панкреасот, а кој им овозможува на клетките да ја превземаат гликозата од крвта, односно да ја преработат во енергија. Неуспешното произведување на инсулин, неговата неефикасност или двете состојби одеднаш, предизвикуваат зголемено ниво на гликоза во крвта (хипергликемија). Таа е поврзана со долгорочната штета на телото и откажувањето на некои органи и ткива, вклучувајќи ги бубрезите, крвните садови, нервите и очите.
Која е разликата помеѓу дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2?
Тип 1: Станува збор за автоимуна состојба кога телото не произведува инсулин – хормонот кој е потребен за шеќерот да се извлече од крвотокот во клетките за енергија. Обично е дијагностициран кај малите деца.
Тип 2: Тој е најчест кај возрасните. Не се произведува доволно инсулин или телото не реагира соодветно на него. Не станува збор за автоимуна состојба, и е поврзана со дебелењето, бидејќи масните клетки се отпорни на инсулин.
Кај дијабетичарите нивото на шеќер може да се зголеми поради различни фактори, вклучувајќи:
- Претерано лекување на епизодите на хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта)
- Прескокнување на дозите или земање на погрешни дози од лекови за дијабетес
- Недостаток на вежбање
- Стрес
- Болести, како на пример, настинка
- Дехидрација
- Прејадување, како што е прекумерното јадење помеѓу оброците
- Одредени лекови, на пример, стероидните лекови
- Симптоми проследени со зголемено ниво на шеќер во крвта
Зголеменото ниво на шеќер во крвта не мора нужно да значи дека имате дијабетес. Исто така, во некои случаи, личностите со хипергликемија, не чувствуваат никакви знаци на дијабетес. Меѓутоа постојат чести симптоми на високо ниво на шеќер во крвта кои може да укажуваат дека имате проблем.
- Зачестено мокрење или мокрење во текот на ноќта
- Замаглен вид
- Потешкотии со концентрацијата
- Сува уста
- Импотенција
- Зачестени инфекции
- Бавно зараснување на исеченици и рани
- Желудочни проблеми
- Постојан замор или замор во екстремитетите
- Зголемена жед
- Сува кожа што чеша
- Темен обрач на кожата околу вратот
- Чести габични инфекции
- Постојана глад
- Вишок сало на пределот околу стомакот или зголемување на тежината
- Проблеми со нервите
Намелете го шеќерот во крвта со гликемична исхрана
Гликемискиот индекс или едноставно ГИ го означува бројот на јаглехидратите во исхраната која го зголемува нивото на шеќер во крвта, а може да варира од 0 до 100. Храната со висок ГИ се вари многу побрзо отколку храната со низок ГИ, така што трошењето на втората го намалува нивото на инсулин. Освен тоа, оваа храна, исто така е добра за губење на вишокот килограми. Обрнете внимание на храната и нејзиниот ГИ.
Храна со низок ГИ
Храната со гликемиски индекс помеѓу 0 и 54 се класификува во категоријата со низок ГИ. За најдобар ефект, би требало да ја консумирате секојдневно.
- Едно јајце – 0
- 200 грама хумус – 6
- 200 грама брокула – 10
- Еден кромид со средна големина – 10
- Една шака ореви – 15
- Една шака вишни – 22
- Една шака индиски ореви – 22
- 230 милилитри јогурт – 23
- 200 грама грав – 31
- 230 милилитри сок од домати – 38
- Едно јаболко со средна големина – 38
- Една шака зелено грозје – 46
- 230 милилитри сок од ананас – 46
- Еден голем морков – 47
- Еден портокал со средна големина – 48
- Еден голем грејпфрут – 50
- Една голема банана – 52
- 200 грама грашок – 54
Уште неколку производи со низок ГИ: авокадо, тофу, пиперки, зелје, спанаќ, лук, кисела зелка, марула, ротквица, ф’стаци, кикирики, маслинки, печурки, праз, лешници, ѓумбир, анасон, краставици, тиквички, моркови, рогач, зелка, модар патлиџан, артичока, јагоди, црвени рибизли, малини, зелена леќа, цреши, црно чоколадо (70% какао), капини, жолта леќа, сладок компир, интегрални тестенини, кокос, ‘рж, домати, булгур, пченичен кускус, овесни снегулки, наут, смокви, сусам, мандарини, дуња, бадеми, мешунки.
Храна со умерен ГИ
Храната со ГИ помеѓу 55 и 69 треба да се консумира во умерени количини.
- Папаја – 55
- Црвен ориз – 55
- Киви – 58
- Банана – 60
- Костени – 60
- Пченичен гриз – 60
- Ориз со долго зрно – 60
- Диња – 60
- Варена булгур пченица (излупена) – 60
- Пченка – 60
- Суви смокви – 61
- Свежо цвекло – 64
- Неизлупен варен компир – 65
- Интегрален леб – 65
- Варено цвекло 65
- Кускус – 65
- Јаворов сируп – 65
- Мармалад (со шеќер) – 65
- Мусли (со шеќер или мед) – 65
- Ананас од конзерва – 65
- Суво грозје – 65
Храна со висок ГИ
Храната која има ГИ помеѓу 70 и 100 може да предизвика здравствени проблеми, па затоа е подобро да ја ограничите нејзината консумација, а онаа со многу висок ГИ да ја избегнувате во целост.
- Пченкарен сируп – 115
- Пиво – 110
- Урми – 103
- Гликозен сируп – 100
- Модифициран скроб – 100
- Оризен сируп – 100
- Скроб од компир – 95
- Печен компир – 95
- Бел леб – 90
- Варен морков – 85
- Варен корен од целер – 85
- Мусли – 85
- Мед – 85
- Ориз – 85
- Оризово млеко – 85
- Пуканки – 85
- Тапиока – 85
- Варена репа – 85
- Варен грав – 80
- Тиква – 75
- Лубеница – 75
- Пченкарно брашно – 70
- Излупени варени компири – 70
- Њоки – 70
- Просо – 70
- Палента – 70
- Јачмен – 70
- Амарант – 70
- Двопек – 70
Нашата исхрана драматично влијае на нашето здравје, особено на нивото на шеќер во крвта. Значи, ако ги почувствувате овие симптоми на хипергликемија, би требало да преземете некои промени во исхраната и да се обидете природно да одржувате здрава рамнотежа пред вашата исхрана да предизвика понатамошни компликации.