14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот
8. Ако сте различни
Тешко е да се биде дел од малцинството, па не вреди да се чувствувате лошо поради тоа што сте различни. Наместо да се обидувате да се вклопите за да бидете дел од мнозинството треба да ја прифатите својата уникатност и добро да ја искористите.
9. За работите што можете или не можете да си ги дозволите
Во материјален свет не е чудно да се почувствувате засрамено ако не можете да си дозволите брендирани и модерни работи. Како и да е, треба да запомните дека етикетите не ве дефинираат. Бидете среќни со тоа што го имате и живејте по ваша мера.
10. Вашата телесна тежина, големина или форма
Медиумите може да преферираат одредена телесна тежина и форма на тело, но тоа не е причина да се срамите од вашето тело. Здравјето треба да биде поважно од начинот на кој изгледате. Погледнете се во огледало и кажете си дека сте убави бидејќи тоа е вистина.
11. Интересите што ги имате
Ако уживате да читате, да бидете дел од различни клубови, да собирате декоративни статуетки, да плетете или што било од тоа, треба да бидете горди.
12. Вашата емоционалност
Вие не сте робот и треба да ви е дозволено да ги изразите вашите емоции. Слободно плачете кога срцето ви е скршено или додека гледате филм. Не смеете да се срамите ако дозволите да се изразите себеси и ако не можете да ги задржите емоциите за нештата што влијаеле врз вас.
13. Начинот на кој се облекувате
Можеби општеството има одредени идеи како би требало да се облекувате, но не мора да им се придружите на оние што ве обвинуваат за начинот на кој се облекувате. Вашите алишта се ваш личен избор, па носете ги со самодоверба.
14. Ако сте имале абортус или не можете да зачнете
За ова можеби не се зборува доволно. Спонтаните абортуси и неспособноста да се зачне се честа појава, но жените се срамат и се обвинуваат себеси поради нив. Вистината е дека тоа не е ваша вина. Треба да знаете дека проблемот не е до вас.
Дали некогаш сте се обвинувале поради некои од овие нешта?
Дознајте од кои 5 нешта треба да се ослободите за да тргнете напред.