14 предизвици за 14 дена: Лесни промени на патот до среќата

14 предизвици за 14 дена: Лесни промени на патот до среќата

Обидете се да ги примените овие 14 предизвици во наредните 14 дена и ќе забележите значителни промени во својот живот и во своето расположение. Не можете да развиете нови навики преку ноќ. Но, потребна ви е само малку волја и посветеност, за да постигнете мали и позитивни промени секој ден, коишто со време ќе донесат значителни промени во вашата среќа. Посветете им се на овие предизвици во наредните 14 дена, со цел вашите вибрации да станат посилни и да создадете еден поубав живо, како за вас, така и за вашите најблиски.

(1) 14 промени за 14 дена: Лесни промени на патот до среќата

1. Користете зборови кои ја поттикнуваат среќата

Нареден пат кога некој ќе ве праша како сте, не одговарајте само со „добро“. Наместо тоа, раскажете дека сте среќни или возбудени поради нешто што треба да се случи тој ден. На тој начин и себеси и на својот соговорник ќе му го разбудите доброто расположение.

2. Пробајте нешто ново секој ден

Кога нешто ќе направите за прв пат, инспирацијата и љубопитноста се будат, па затоа во следните 14 дена обидете се да правите работи кои никогаш порано не сте ги искусиле. Тоа може да биде нешто мало, како на пример разговор со непозната личност или да се обидете да подготвите храна од некоја за вас непозната, егзотична кујна. Но, доколку сакате, можете да се насочите и кон големи работи – посетете ново место, започнете ново хоби или внесете одредена промена во својот дом.

3. Одвојте еден час дневно за некоја од своите страсти

Сите имаме зафатени и стресни животи, но секогаш можете да издвоите еден час во денот за омиленото хоби. Дали е религија, музика, спорт или некоја наука, секојдневно посветете му се на нешто конкретно, што навистина ве интересира и ќе забележите колку смисла му дава тоа на вашиот живот.

4. Бидете љубезни кон секој

Бидете пристојни дури и кон луѓето кои не ви се допаѓаат. Покажете почит, љубезност и сочувство кон сите кои ќе ги сретнете – не затоа што тие се добри, туку затоа што добрината лежи во вас. Ќе се изненадите кога ќе забележите колку непристојноста која ја имало претходно околу вас, полека ќе спласне во наредните 14 дена.

5. Ослободете се од по една работа дневно

Сите, постојано сме во некое брзање, па не мора да чекате да дојде денот за големото чистење, туку обидете се да фрлите барем по една работа дневно, за која сметате дека повеќе не ви е потребна. Можеби на почетокот тоа ќе ви биде тешко, но наскоро ќе се чувствувате ослободени. Бонус поени и подобро чувство ќе имате доколку за работите кои не ви се потребни, пронајдете нов дом (дајте ги во добротворни цели или подарете им ги на пријателите).

6. Работете на некоја цел, секој ден по еден час

Разложете голема цел на 14 помали делови и фокусирајте се на еден дел дневно (околу еден час секој ден). Овие мали чекори, полека, но сигурно ќе ве однесат кон целта, а овој е еден ефективен начин, големите нешта да ги претворите во реалност.

7. Читајте по едно поглавје дневно од некоја добра книга

Сигурно, повеќето работи кои ги читате се онлајн, но класичните книги и модерните романи имаат многу да понудат за развивање и продлабочување на нашата фантазија. Најдете време за по едно поглавје од некој добар роман, не е важно дали тоа ќе го сторите на паузата за ручек или пред да одите на спиење.

(2) 14 промени за 14 дена: Лесни промени на патот до среќата

8. Издвојте 10 минути во текот на вечерта за преглед на денот

Не е важно дали 10 минути само ќе размислувате за добрите нешта кои ви се случиле во текот на денот или ќе ги запишете за да имате конкретен преглед на работите во кои сте уживале тој ден. Посветете внимание на убавите работи, кои сте ги виделе или сте ги слушнале, на интересните средби, но обидете се и да сфатите што ново сте научиле во текот на тие убави работи.

9. Јавувајте се некому секој ден

Сигурно во именикот имате имиња на голем број луѓе со кои не сте разговарале веќе некое време (или луѓе кои не сте ги запознале добро). Пратете им порака и започнете разговор. Сите сме различни и имаме по нешто оригинално во себе да им понудиме на другите, но овие знаци на интерес можат да направат поголема разлика и да внесат голема свежина во вашите животи.

10. Исклучете ги од животот луѓето кои ве повредуваат

Бидете искрени кон себе и добро размислете кој навистина ве поттикнува, ве мотивира и прави навистина да се чувствувате среќни. Размислете за токсичните извори, луѓето кои ви ја намалуваат самодовербата или се извор на какво било зло во вашиот живот, притоа најдете начин таквите луѓе да ги исклучите од животот.

(3) 14 промени за 14 дена: Лесни промени на патот до среќата

11. Направете нешто добро секој ден

Забавно е да смислувате нови начини да бидете љубезни, а опциите се бројни. Можете да им помогнете околу чување на детето на роднините, да ѝ дадете комплимент на некоја непозната личност, да вложите повеќе труд на работа или да му купите оброк некому кој не може да си го дозволи.

12. Повторувајте позитивни афирмации по пет минути секој ден

Можеби веќе сте вежбале афирмации, но обидете се да ги повторувате пет минути секое утро пред да го започнете денот. Тие се помоќни кога искрено и често ги повторувате – и не заборавајте дека позитивните мисли можете да ги менувате и адаптирате на вас, сè додека не ви прозвучат навистина моќно.

13. Направете нешто од што се плашите

Обидете се да се ослободите од верувањата кои ги ограничуваат вашите очекувања, ви влеваат страв и не ви дозволуваат да се чувствувате исполнето. Можеби мислите дека не сте доволно паметни, талентирани, привлечни или дека можеби не заслужувате нешто. Добро истражете од каде доаѓаат ваквите уверувања и полека работете на тоа да ги победите во наредните 14 дена.

14. Посветете си внимание барем 15 минути дневно

Бидете добри кон себеси барем 15 минути дневно – практикувајте јога, опуштете се во топла бања, речете „не“ на нешто што не ве прави среќни, купете си нешто. Вие заслужувате љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар