14 парчиња облека што го изобличуваат сечие тело - Part 2

14 парчиња облека што го изобличуваат сечие тело

8. Контраст на бои

(8)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Контрастот го дели телото на правоаголници и му дава груба форма. Секогаш одбирајте слични нијанси. Со ова ќе ги сокриете недостатоците и ќе ги истакнете добрите страни на вашата фигура.

9. Преголема облека

(9)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Големите блузи, џемпери и јакни изгледаат одлично на моделите. Но, во реалноста не изгледаат толку добро. Нема потреба да додавате екстра тежина на вашето тело. Секогаш купувајте облека која ви е точна.

10. Избледени фармерки

(10)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Продавниците се преполни со овие панталони, но најдобро е да ги избегнувате. Поради контрастот, вашите колкови ќе изгледаат многу пошироки. Секогаш одбирајте сини фармерки во еден тон.

11. Облека со хоризонтални линии

(11)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Хоризонталните линии им стојат само на многу слабите девојки бидејќи додаваат волумен на вашата фигура.

12. Блузи со големи принтови

(12)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Ако блузата не ви е точна, принтот може да се растегне и да ги смени пропорциите на вашето тело. Подобро одберете блуза во една боја, која на пример има интересна јака. Или пак одберете блуза која има мал принт на ракавите или на половината.

13. Долга сукња

(13)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Овие здолништа им стојат одлично на слабите високи девојки. Не го заборавајте и правилото дека ако го затворите горниот дел од телото, треба да го отворите долниот и обратно. Ова значи дека ако одберете џемпер, подобро комбинирајте го со кратко здолниште, наместо со долго. Ако целосно го покриете вашето тело, тоа ќе ја изгуби својата елеганција.

14. Наметки без форма

(14)14-parchinja-obleka-koi-go-izoblichuvaat-sekogo-kafepauza.mk

Плетените наметки со една големина се одлични за да ве стоплат за време на зимските денови. Обично овие модели ги прават вашите нозе пократки поради неодредената должина. Носете наметки кои се со ваша големина и кои немаат широки ракави.

Погледнете ги и 7-те парчиња облека кои одговараат на секој облик на тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар