14 парчиња облека што го изобличуваат сечие тело
Облеката може да прикрие многу недостатоци, да ги нагласи вашите убави карактеристики, но и да ги промени пропорциите на вашето тело. Но, постои и облека која може да направи да изгледате навистина лошо. Ова се парчињата облека кои секоја жена би требало да ги избегнува.
1. Скратени широки панталони
Овие панталони ја двојат вашата силуета и прават нозете да ви изгледаат пократки. Исто така тие прават вашето тело да изгледа како триаголник. Ако сакате вакви панталони, одберете модел 7/8 кој ќе ги открие вашите глуждови и ќе ви ги издолжи нозете.
2. Фустан без силуета
Овие фустани изгледаат како вреќи и можат да го „расипат“ и најубавото женско тело. Подобро одберете фустан со дефиниран струк кој ќе ги истакне вашите облини.
3. Кратки блузи
Овие блузи изгледаат одлично на Инстаграм, но тие обично откриваат работи кои е подобро да останат скриени. Малкумина од нас имаат идеален рамен стомак, но и да го имате, кога ќе седнете нема да изгледа така.
4. Панталони со риги
Многу често ригите се растегнуваат кај задникот и колковите, а ова прави да изгледате пошироки. Одберете панталони со една боја, или пак со многу мали детали.
5. Светкава облека
Нема ништо лошо во тоа да облечете блуза со некој мал светкав детаљ. Но, ако целата блуза светка ќе изгледате како некој украс, а самиот материјал може да направи да изгледате и подебело.
6. Одело со грешен број
Жените изгледаат одлично во одело, но тоа секогаш треба да биде направено по вашата мерка. Не треба да биде ни големо, ни мало.
7. Панталони со големи принтови
Панталоните со принтови можат навистина да го освежат вашиот изглед, но поголемите дизајни може да ги направат вашите нозе пошироки. Одберете панталони во една боја, но со мал детаљ.
Продолжува на следната страница…