14 одлични фризури за оваа есен
Како што наближува новата сезона, сигурно ќе сакате да направите мала промена со косата. Одличен начин да го постигнете тоа е да ја бојадисате или пак да пробате некоја нова фризура. Новиот изглед на косата може целосно да го промени вашиот стил, а овие 14 предлози сигурно ќе бидат хит оваа есен.
1. Пастелни прамени
Доколку не сакате целата коса да ја направите како на сирена, доволно е да бојадисате само неколку прамени. Ќе изгледа природно и ќе заборавите дека вашата коса е розово-виолетова.
2. Долги локни
Во текот на летото многу од нас сакаат да ја скратат косата поради високите температури. Но, штом ќе дојде есента, можете да почнете да ја пуштате.
3. Златно-руса
Ова е одличен микс од кафеава и руса коса и е совршена за во есен.
4. Бушави шишки
Овие шишки се многу лесни за одржување, бидејќи колку се побушави, толку подобро.
5. Елегантно опавче
Ништо не може да го победи елегантното опавче. Само соберете ја косата и вашата фризура е готова.
6. Неуредни плетенки
Плетенките секогаш се модерни, но оваа есен неуредните ќе бидат хит. Оваа фризура е одлична за секакви настани.
7. Платинесто-руса
Оваа боја ќе го истакне вашето лице, и верувајте дека сите очи ќе бидат вперени во вас.
Продолжува на следната страница…