14 нешта што се случуваат со вашето тело кога ќе се здебелите
Вишокот килограми има поголемо влијание на вашето тело освен само на вашата телесна тежина. Здебелувањето во текот на една година можеби не изгледа лошо, но новите килограми можат да се додаваат со текот на времето, а тоа да има сериозни последици. Следнава листа ќе ви покаже што се случува со телото кога се дебелеете и ќе ве натера повеќе да внимавате на исхраната и на начинот на живот.
1. Сетилото за вкус ослабува и предизвикува прејадување
Изгледа како да се дебелееме бидејќи храната што ја јадеме ни е вкусна, но ова не е вистина. Истражувањата докажале дека дебелината го намалува сетилото за вкус за 25%. Ова ги тера луѓето да консумираат уште повеќе храна бидејќи се обидуваат да го пробаат истиот богат вкус што го чувствувале претходно.
2. Главоболките стануваат почести
Дебелеењето го зголемува ризикот од ненадејни главоболки. Луѓето со вишок килограми почесто страдаат од хронични главоболки. Важно е да знаете дека дебелината не ги предизвикува главоболките, туку е ризичен фактор што ги зголемува можностите за нивна појава.
3. Се зголемува нивото на холестерол во крвта
На телото му е потребен холестеролот за да гради здрави клетки, но неговото големо количество го зголемува ризикот од болести на срцето. Дебелеењето го зголемува нивото на холестерол, а со тоа и ризикот од масни наслаги на крвните садови. Овие наслаги го отежнуваат дотокот на крв, па срцето не добива доволно кислород и се намалува дотокот на крв до мозокот. Со ова се зголемува ризикот од инфаркт и мозочен удар.
4. Можно е да се чувствувате подепресивно секој ден
Постои силна врска помеѓу дебелината и депресијата. Дебелеењето има психолошко влијание што предизвикува депресија, особено кај жените. Едно истражување покажало дека дебелите луѓе имаат 55% поголем ризик да страдаат од депресија за разлика од другите.
5. Можно е да се појават проблеми со плодноста
Една од најопасните последици од дебелеењето е намалувањето на плодноста кај жените. Дебелината има влијание на менструалниот циклус на жената и на квалитетот на нејзините јајце клетки.
6. Болки во мускулите
Дебелеењето предизвикува недостаток од витамин Д – важна материја што му помага на телото да го апсорбира калциумот и што го поттикнува растењето на коските. Луѓето со недостаток од витамин Д можат да чувствуваат болки во мускулите. Иако можеби сметате дека внесувате доволно витамин Д од сонцето или преку додатоци, вишокот масно ткиво може да го разгради.
7. Ќе почнете да ‘рчите
Дебелината влијае на целото ваше тело. Се здебелува и делот околу вашите врат и грло, а со тоа се намалува дишниот пат. Како резултат, ќе почнете да ‘рчите многу гласно.
8. Вишокот килограми предизвикуваат промени во вашата ДНК
Иако нашите гени не се менуваат во текот на животот, животниот стил може да има влијание врз нив. Здебелувањето може да направи промени во вашата ДНК, а ова има многу поопасни последици отколку што изгледа. Оваа промена го зголемува ризикот од дијабетес и кај родителите и кај децата.
9. Проблеми со често уринирање
Ако сте забележале дека одите во тоалет почесто, можеби треба да обрнете внимание на тоа. Ова може да биде знак на болест на бубрезите предизвикана од вишокот килограми. Дебелите и луѓето со вишок килограми имаат 7 пати поголем ризик од развивање проблеми со бубрезите.
10. Тешкотии при дишењето
Вишокот килограми може да го сопре вашето дишење во текот на ноќта – нарушување познато како апнеа. Ова се случува кога горниот дел од дишниот пат е блокиран, па доток на воздух е намален или запира целосно. Тогаш мозокот праќа сигнал да се разбудите, а ова постојано будење ви крати од сонот.
11. Вишокот калории се претвораат во сало
Кога ќе ја надминете дневната граница за калории и кога ќе изедете премногу, јаглехидратите и молекулите на масти се претвораат во сало. Консумирањето екстра калории ги зголемува резервите со сало на телото, па вие се дебелеете.
12. Понекогаш клетките се претвораат во клетки на рак
Дебелеењето не значи дека ќе ви се појави рак, туку дека значително ќе ви се зголеми ризикот. Лошата исхрана, пушењето и пиењето алкохол исто така го зголемуваат ризикот од рак. Доколку барате начин да се трансформирате, започнете со нешто едноставно – исфрлете ги шеќерите и алкохолот од исхраната и обидете се да пушите помалку.
13. Се покачуваат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта
Дебелеењето го зголемува крвниот притисок, а со тоа и ризикот од мозочен удар и деменција. Покрај тоа вишокот килограми го зголемува и ризикот од дијабетес. Телото со прекумерна тежина го користи инсулинот на „неприроден“ начин.
14. Ќе се чувствувате поанксиозни
Според едно ново истражување, вишокот сало во телото ја зголемува можноста за појава на анксиозност. Истражувачите истакнале дека жените со прекумерна тежина многу почесто страдаат од анксиозност. Кога ослабеле, симптомите на анксиозност се намалиле и тие се чувствувале подобро. Слабеењето ја менува хемијата на мозокот и го поттикнува да лачи серотонин, познат како хормонот на среќата.
Дознајте и што се случува со вашите тело и ум кога слабеете.