14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата - Part 2

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

8. Може да предизвика замор и вртоглавица

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Додека да се прилагодите на новиот начин на исхрана, можно е да почувствувате замор и вртоглавица. Причината што некои луѓе слабеат брзо од диетата е тоа што брзо го губат вишокот вода. Но ова може да предизвика недостаток од минерали, па се појавува заморот. Како што вашето тело ќе се прилагодува, овој проблем ќе почне да исчезнува.

9. Може да предизвика губење на силата и издржливоста

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Исто така можно е да забележите и намалување на вашата сила и издржливост. Причината е што телото е навикнато да користи јаглехидрати како енергија, и кога одеднаш ќе му го одземете изворот, му треба време да открие како да се адаптира. Штом ќе почнете да го согорувате салото, силата ќе ви се врати.

10. Може да предизвика „кето грип“

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Како и кај обичниот грип, и овде можат да се појават гадење и вртоглавици. Важно е во овој период да пиете многу вода.

11. Може да предизвика грчеви во нозете

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Пиењето многу вода ќе ви помогне да се справите со грчевите во нозете. И овде улога има недостатокот од минерали, особено електролити, а може да дојде и до дехидратација. Повторно, пијте што е можно повеќе вода и внесувајте доволно натриум и калиум.

12. Може да предизвика лош здив, гасови и констипација

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Кога телото ќе биде во состојба на кетоза, ќе почне да лачи кетони кои се ослободуваат од вашиот здив. Ова може да предизвика лош здив. Покрај тоа, кога почнувате да консумирате повеќе масти и протеини, можно е да се појават проблеми како гасови и констипација. И ова е привремено, додека телото да се прилагоди.

13. Не мора да има исто влијание кај сите

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Сите се различни и сечие тело реагира различно на промените во исхраната. За некои луѓе е навистина лесно да влезат во состојба на кетоза, а на некои им е потребно подолго време. Истото важи и за резултатите.

Влијанието на диетата зависи од неколку фактори, како вашиот досегашен начин на исхрана, здравствените проблеми и бројот на килограми што сакате да ги изгубите.

14. Можете да најдете помош на многу места

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Поради популарноста, денес можете да најдете многу извори за кето диетата. Ќе најдете совети, трикови и рецепти. Има и онлајн групи кои можат да ви помогнат додека се прилагодувате.

Не секоја диета одговара за секое тело. Пред да започнете со какви било промени во исхраната, најдобро е да се консултирате со лекар за да знаете дали вашето тело е подготвено за тоа.

Погледнете и кои се диетите што немаат никаков ефект.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар