14 начини да го манипулирате умот за да постигнете успех

14 начини да го манипулирате умот за да постигнете успех

Без разлика колку години имаме, без разлика каде живееме и кон што целиме во животот, сите на крајот на денот сакаме да сме среќни и успешни. Живееме во свет во кој успехот е нашиот билет кон подобра иднина, а таа подобра иднина зависи само од нас. Успехот на кое било поле во животот е ограничен од многу фактори, но најмногу од нашата подготвеност и мотивираност да постигнеме нешто, да го направиме првиот чекор. Некои се посмели и успеваат во своите замисли побрзо, на други им е потребно подолго време да сфатат што сакаат во животот и од каде да почнат да го бараат тоа нешто, а некои се подготвени да ризикуваат, но едноставно немаат јасна слика каде одат. Во кој било случај, патот кон успехот е тежок и со многу препреки.

14-nachini-da-go-manipulirate-umot-za-da-postignete-uspeh-kafepauza.mk

Мо Ситубтим, основач на BrandMentalist.com, вршела истражувања за да докаже дека постои начин да манипулираме со умот со цел да успееме во животот. Базирајќи се на нејзините познавања на човековиот ум, таа успеала да ја потврди својата теорија.

Човековиот ум има меморија и потсвесно може да следи шаблони на размислување и однесување, па кога тие шаблони ќе преминат во навика, тешко е таа навика да се искорени. Потребна е силна волја и јак и одлучен ум за да се разбие веќе стекната навика.

Градењето на теоријата, Мо го започнала осврнувајќи се на веќе познати случаи од секојдневниот живот. На пример:

  • Ако многупати кажувате наивни лаги, после некое време станувате компулсивен лажго.
  • Ако понекогаш земате нешто од продавница без да го платите, по некое време станувате крадец.
  • Ако повеќепати лажирате документи, можете да станете криминалец.
  • Ако сте постојано нечесни, после одредено време станувате измамник.

Земајќи предвид дека принципот на кој ја базира нејзината теорија веќе функционира, таа успеала да покаже дека истото тоа може да се искористи за да манипулираме со умот така што би успеале во различни полиња во животот.

1) Ако започнете со вежбање три пати неделно, после одреден период ќе бидете во форма.

2) Започнете со јадење здрава храна. Наскоро ќе бидете повторно здрави и свежи.

3) Започнете да одите исправено. Не само што ќе ги снема болките во грбот и ќе добиете елегантно држење, туку и вашето тело ќе ја добие назад загубената самодоверба.

4) Започнете почесто да се смеете и да размислувате позитивно. Оптимизмот води кон привлекување насмеани лица и позитивна енергија, иста како вашата.

5) Започнете да им помагате на бездомниците давајќи им ја облеката која веќе долго време не ја носите. Многу брзо ќе станете сочувствителни и дарежливи.

6) Започнете да споделувате со други луѓе и ќе станете великодушни. Несебичноста е ретка особина која ги краси добрите луѓе.

7) Започнете постојано да правите работи кои се во согласност со вашите основни вредности и доста брзо ќе станете препознатливи како личност со значајни вредности.

8) Започнете да читате почесто, и ќе станете зависни од учење.

9) Започнете секој ден да ги извршувате сите дневни обврски. Така ќе имате контрола над нив.

10) Фокусирајте се на секоја задача, една по една, тоа ќе ве направи попродуктивни.

11) Започнете да размислувате надвор од вашите граници и креативноста набрзо ќе ќе чукне на вашата врата.

12) Почнете постепено да излегувате од вашата удобна зона. Брзо ќе станете самоуверени и бестрашни.

13) Започнете константно да си кажувате што сакате да постигнете во животот. Ќе почнете несвесно да ги правите работите кои ќе ве одведат до таму.

14) Направете го првиот чекор во што било. Повторувајќи го доволно упорно и доволно долго, ќе го правите тоа што сакате да го правите и ќе станете она што сакате да бидете.

„Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, извонредноста не е постапка, туку навика.“ – Аристотел


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар