14 едноставни начини на кои можете секојдневно да јадете авокадо
Доколку ви е потребен нов рецепт со авокадо или барем нов начин на кој можете да го јадете ова прекрасно овошје, тогаш погледнете ги наредниве 14 предлози.
Авокадото изобилува со хранливи материи и е одлично за вашето здравје. Тоа содржи и до 20 витамини и минерали кои го одржуваат имунитетот и помагаат при регулирање на крвниот притисок. Ова се само неколку од причините зошто би требало секојдневно да јадете авокадо!
1. Пресечете го на половина, додадете прстофат сол и земете лажица.
2. Прескокнете го вообичаеното (кечап, мајонез, сенф) и заменете го со посолено пире од авокадо.
3. Направете инстант гвакамоле. Згмечете го авокадото и додадете малку лут сос. Јадете со топли тротиљи, целер или чипс.
4. Направете инстант смуди. Комбинирајте бадемово млеко, авокадо, смрзната банана и мед (по вкус), ставете ги во блендер и измешајте. Зачинете со свеж ѓумбир, лимета, замрзнато шумско овошје или диња.
5. Ставете во блендер зрели авокада, стопено чоколадо, бадемово млеко, какао во прав, прстофат ванила и засладете по вкус. Потоа оладете го во фрижидер и ќе добиете вкусен пудинг од авокадо.
6. Прескокнете го крем-сирењето и користете пире од авокадо со малку лимон за да го подобрите вкусот на лососот.
7. Турете мали парченца авокадо во оладена паста, па додадете исечкани пиперки и излупен морков. Додадете го вашиот омилен сос и измешајте добро.
8. Во кората од авокадото сипете малку оцет и додадете процедена туна одозгора.
9. Додавајте неколку парчиња авокадо на кој било оброк.
10. Измешајте го авокадото со црн грав, печена пченка, исечкан млад кромид, домати и чили пиперка. Измешајте со масло, оцет, сол и бибер.
11. За појадок, нанесете го на тост и додадете варено јајце одозгора. Декорирајте со кромид.
12. Испржете набрзина исечкан кромид и лук и додадете им малку ким. Потоа во блендер измешајте авокада, вода, лимета, сол, коријандер и мешавина од кромид на собна температура. На крај ставете и пржени ракчиња и коријандер за студена супа.
13. Во блендер ставете авокадо, масло, лимон, лук, ситно кромидче, сол и бибер со цел да направите вкусен сос за салата.
14. Направете пире од авокадо и потоа комбинирајте го со неколку капки лимета и зашеќерена вода. Замрзнете за да добите сорбет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.