14 бјути трикови што ќе ви го променат животот

14 бјути трикови што ќе ви го променат животот

Секоја од нас многу често истражува совети за убавина за да си ја подигне својата секојдневна бјути рутина на повисоко ниво. Грижата за себе и за својот надворешен изглед треба да ни биде редовна рутина без која не би смееле да си го замислиме денот.

А која жена не би сакала да изгледа убаво и да биде негувана и задоволна од себеси?

Повеќето од жените сакаат сами да се грижат за својата убавина, и затоа, како би ви го олесниле тој процес, ние за вас истраживме и ви ги претставуваме едни од најкорисните бјути трикови кои ќе ви го променат животот:

1. Ставете ја косата зад уши и оставете ја да се исуши природно

Овој трик ќе ви заштеди доста време, а ќе добиете природна и едноставна фризура. Мократа коса прицврстете ја со долги шноли зад ушите. Завиткајте ја во крпа и потоа дозволете да се исуши природно. Ќе добиете благи кадрици, без многу труд и за многу кратко време. Ова е едноставен начин да добиете фризура за секој ден, кога немате многу време.

2. Заменете ја крпата за коса со памучна маица

После миењето, косата завиткајте ја со памучна маица, а не со крпа. Памукот ќе го сочува вашето влакно и нема да ви ги оштети врвовите на косата, што пак може да се случи со крпите со микрофиберски влакна. Доколку почнете да го практикувате овој трик, косата загарантирано ќе ви биде поздрава.

3. Витканата коса сушете ја со кујнска хартија

Доколку сакате вашите кадрици да добијат на волумен, избегнувајте тешки крпи при сушењето. Најдобриот начин да ја исушите вашата коса е со користење на хартиени крпи. Со нивна помош површински соберете ја водата од вашата коса, а потоа оставете ја да се исуши природно. Вашата коса ќе добие волумен и ќе биде полна со живот.

4. Препаратите за коса ставајте ги на мокра коса

На сите ни се чини дека нема драстична разлика во зависност од тоа дали препаратите ги ставаме на сува или мокра коса. Сепак, вашите кадрици би биле подефинирани доколку ги ставате на мокра коса, после миењето.

5. Ставајте камена пудра и на очните капаци, за шминката да ви стои подолго

Колку и да користиме прајмер пред нанесувањето сенка, шминката на очите често се размачкува. Најдобриот начин да остане сѐ на свое место е со нанесување камена пудра на очите, пред и после ставањето сенка. На тој начин ја фиксирате шминката на вашите очи.

6. За природни трепки користете тенка четка

За вашите трепки да изгледаат поприродно, изберете маскара со мала и тенка четка. Со помош на ваква четка можете да ги расчешлате вашите трепки и да ја нанесете маскарата рамномерно, за тие да изгледаат густо и природно.

7. Пред нанесувањето маскара, не ја чистете четката од краевите на шишенцето

За да имаат вашите трепки вистински волуменозен „бум“ ефект, не ја чистете четката од маскарата од работ на шишенцето. Вашите трепки изгледаат подобро кога се расчешлуваат со подебел слој на маскара, од коренот па нагоре.

8. На јаболчиците ставајте сјај наместо хајлајтер

Кога сакате да ѝ дадете сјај на вашата кожа без да употребите многу шминка, а сепак сакате да се истакнете, наместо хајлајтер – на вашите јаболчици ставете тенок слој сјај за усни и нежно натапкајте го на кожата. На тој начин, без многу труд ќе изгледате блескаво и свежо.

9. Исцртајте го тушот за очи нагоре

Понекогаш се случува при исцртувањето „мачкини очи“ да згрешиме, па линијата на ајлајнерот ја влечеме рамно во правец на нешто уво, а не во правец на нашите веѓи. За да се усовршиме во нанесувањето туш, пожелно е да користиме самолепливи хартии за подобро да ја дефинираме линијата околу очите.

10. Нанесете кафеав молив за очи под вашите горни трепки за да изгледаат подефинирано

Нацртајте блага кафеава линија под вашите горни трепки. После нанесувањето на маскарата, очите ќе ви изгледаат поголемо, а трепките – подефинирано.

11. Исчешлајте ги вашите веѓи

За да изгледаат вашите веѓи како што треба, не мора да ги доцртувате – доволно е да ги исчешлате и на тој начин да ги стилизирате. За тоа ви е потребно помалку време, а изгледа поубаво и поприродно.

12. Натопете го вашиот бјути блендер во кафе и истријте го лицето

Точно е дека кафето ја буди вашата кожа, ѝ дава свежина и сјај. Затоа одвреме-навреме, применете го овој трик.

13. Додајте балсам или масло во шминката, доколку имате сува кожа

Доколку имате сува кожа што е склона кон лупење, додајте малку масло во вашата пудра, за да ја спречите кожата од понатамошно исушување. Ќе се чувствувате попријатно и ќе го избегнете непријатното чувство на затегање на вашето лице.

14. Пилинг за усни од шеќер и вазелин

За да ги отстраните мртвите клетки од површинскиот слој на вашите усни, направете пилинг од шеќер и вазелин. Ова е многу корисен совет за регенерација на вашите усни, а не ви е потребно многу за овој природен пилинг да го направите сами.

Дознајте ги и триковите за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар