13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската

13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската

Дали сите ваши врски почнуваат среќно и со ентузијазам, но секогаш се претвораат во токсични? Дали постојано го одбирате погрешниот партнер? Доколку се пронајдовте, можеби треба да размислите за вашето однесување со цел да го прекинете овој циклус. На овој начин можеби ќе откриете дека всушност вие имате нездрави навики кои ја влошуваат секоја ваша врска. Погледнете ги знаците кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врските.

13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската

1. Сакате да контролирате

Постои разлика помеѓу тоа да имате самодоверба и да сакате да контролирате. Во вториот случај вие се однесувате како супериорна личност во врската и се обидувате да го доминирате партнерот. На овој начин ја претворате динамиката на врската во игра за моќ, наместо да ја направите место за споделување љубов и грижа. Вие ја гледате врската како начин да го нахраните вашето его и да ја зголемите вашата самодоверба.

2. Сакате работите да се одвиваат по ваше

Оваа стратегија нема да функционира доколку сакате среќна и долга врска. Секој има нешта што ги сака и што не ги сака, но доколку не можете да направите компромис со партнерот и сакате да бидат исполнети само вашите желби, партнерот ќе почне да се оддалечува од вас. За здрава врска се потребни двајца кои ќе работат како тим.

3. Немате граници или не ги почитувате границите на партнерот

Доколку не можете да си поставите и граници и не можете да ги почитувате оние на партнерот, врската брзо ќе се претвори во токсична. Еден пример за ова е преминување на сексуалните граници – доколку не ги почитувате желбите на партнерот за тоа дали сака или не сака интимен однос, вие ја преминувате неговата граница.

4. Премногу се обидувате да го промените партнерот

Можете да му понудите совети на партнерот за неговите животни одлуки, но не можете да го присилите да го прави она што вие го сакате. Ако се обидувате да ги оформите мислите, емоциите и однесувањето на партнерот според вашите желби, вие сте навистина манипулативна личност. Само барате начин да се чувствувате подобро, а тоа нема никаква врска со љубов или интимност.

5. Се грижите само за вашите потреби

Ако сте опседнати само со себе и не ви е грижа за ништо друго освен за вашите потреби, тогаш вие сте токсичниот партнер во врската. Мислите дека вашите желби се најважни и дека целиот свет се врти околу вас. Немате време и енергија за да го прашате партнерот што всушност сака. Во љубовта не треба да мислите само на себе и на вашето добро, туку и на доброто на партнерот.

6. Се воздржувате емоционално

Кога на партнерот му е потребна утеха или поддршка, дали се воздржувате? Ако го правите ова за моќ или бидејќи не сте во допир со вашите чувства, мора да работите на себе. Оваа одлика воопшто не ви е од корист и може да го натера партнерот да се повлече и со текот на времето да ѝ стави крај на врската.

7. Ги минимализирате чувствата и емоциите на партнерот

Ова е навистина токсичен вид манипулација. Вашиот партнер има право да ги покаже неговите чувства, без разлика колку непотребни и незначајни ви изгледаат. Ако ви е неудобно да се справите со интензивните емоции на партнерот, подобро дајте му простор наместо да го убедувате дека неговите чувства не се важни.

8. Користите техники за манипулација за да го добиете она што го сакате

Доколку користите техники за манипулација како наметнување вина или слично, вие сте токсичниот партнер. Доколку го навредувате партнерот или го повредувате физички во текот на расправа, добро размислете за вашето однесување. Тоа е неприфатливо во секоја врска.

9. Предизвикувате страв кај вашиот партнерот

Дали партнерот ви кажал дека сте непредвидливи или дека не знае како да се справи со вас? Дали ви кажал дека вашите испади и повлекувања го плашат? Дали сметате дека ова е само негово мислење и дека сте навистина добра личност? Во овој случај вашиот партнер веројатно е во право. Секој од нас има одлики за коишто не е ни свесен, но другите ги забележуваат. Па доколку партерот ви каже дека сте нечувствителни и понекогаш злобни, можеби треба да размислите за вашето однесување.

10. Не знаете како и кога да признаете дека грешите

Никој не е совршен и сите правиме грешки. Но, доколку немате храброст да ја признаете вашата грешка и да ја преземете одговорноста, вие ја правите врската токсична. Доколку сте слепи кон вашите грешки и го обвинувате само партнерот, врската се претвора во борба за моќ.

11. Несигурни сте и зависни од партнерот

Дали целиот ваш живот се врти околу партнерот? Дали постојано го проверувате? Дали постојано мислите каде е и со кого е? Несигурноста и зависноста од партнерот кога-тогаш ќе ве стигнат. Партнерот ќе почне да се чувствува згушено во врската и ќе побара начин да излезе од неа.

12. Не можете да ја контролирате љубомората

Доколку постојано барате внимание од партнерот или сте љубоморни кога е излезен со некој друг, тогаш му ја крадете слободата. Во врската ниту еден од партнерите не треба да се чувствува како затвореник.

13. Барате премногу внимание и признание

Доколку сте несигурни и барате признание од партнерот дури и за најмалите нешта, вие сте токсичен и зависен партнер, а не зрела и независна личност. Во здравата и зрела врска има двајца возрасни кои треба да преземаат одговорност за нивните чувства и постапки и да не очекуваат партнерот да завршува сè за нив.

Погледнете ги и знаците кои укажуваат на токсична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар