13 знаци дека сте во врска со самобендисан маж

13 знаци дека сте во врска со самобендисан маж

Една нормална љубовна врска треба да вклучува взаемна почит и разбирање. Доколку едниот од партнерите е премногу себичен, тогаш во таа врска нема да има вистинска љубов и среќа. Погледнете ја оваа листа со 13 работи кои ги прават само оние личности кои се фокусирани на самите на себе.

13 знаци дека сте во врска со самобендисан маж

1. Тој ги прави сите одлуки

Тој одлучува во кој ресторан ќе одите, кој филм ќе го гледате, каде ќе излегувате. Никогаш не бара мислење од вас и секогаш кога ќе му го понудите, тој не го зема предвид пред да ја направи својата одлука.

2. Се грижи за неговиот углед

Тој не се грижи за тоа како се однесува кон другите луѓе, туку како тие го гледаат него. Тоа значи дека ќе помине повеќе време средувајќи ја својата коса, па дури може да ви каже и вам што да облечете. Ако изгледате малку несредено, нема да сака другите да го гледаат со вас.

3. Прави што сака

Тој е таков тип човек што попрво би молел за ваше простување, отколку да бара ваша дозвола. Тој го прави она што го сака и кога сака, без оглед на тоа како вие се чувствувате. А кога ќе се налутите, ќе пронајде начин да манипулира со вас, со цел да го прифатите неговото извинување.

4. Се лути кога нема да биде по негово

Ако сака да се видите, но вие сте премногу зафатени со работни обврски, тој ќе се налути. Ваквото момче има сфаќање дека целиот ваш живот треба да се врти околу него.

5. Не се грижи дали ќе ве повреди

Ако неговите пријатели го поканат на пиво и гледање фудбалски натпревар, тогаш нема да размислува два пати, па веднаш ќе ги откаже плановите со вас. Тој го прави она што е најдобро за него, а не за вашата врска.

6. Ретко троши пари на вас

Можеби ќе ја плати сметката во ресторанот, но никогаш не ве изненадува со вашите омилени чоколади или бонбони. Такви мали, а значајни работи, никогаш не му паѓаат на ум.

13 знаци дека сте во врска со самобендисан маж

7. Се фокусира на својата иднина

Тој има планови за речиси десет години од денес, но во нив се вклучени само неговите потреби и желби. Споменува сопруга, но вие чувствувате дека нему не му е гајле дали вие ќе бидете таа или не. Таа позиција би можело да ја има која било девојка.

8. Не ве задоволува сексуално

Не можете да се сетите кога последен пат сте имале оргазам и нему не му е гајле за тоа. Вие сте негова сопственост.

9. Не дозволува да бидете над него

Тој никогаш не е среќен за вас. Ако му кажете дека вашиот шеф ви упатил комплименти, тој ќе ви каже нешто уште подобро што му се случило на неговото работно место, затоа што сака да создаде впечаток дека е над вас.

10. Не вложува во врската

Никогаш не ви испраќа пораки за добро утро, ниту пак ве прашува како ви поминал работниот ден.

11. Сѐ уште не се откажал од флертувањето

Ако му се приближи некоја убава девојка, тој ќе ѝ возврати со внимание, затоа што флертувањето прави да се чувствува добро, а тој прави сѐ што му одговара, без разлика дали на тој начин ќе ве повреди вас.

12. Претпоставува дека сте како него

Тој нема да разбере зошто фудбалскиот натпревар ве нервира и не може да сфати како некој може да има поразлично мислење од него.

13. Лаже секогаш кога чувствува потреба

Ако треба да се видите, но не е расположен, тој без проблем ќе измисли некоја лага и нема да се чувствува лошо за тоа. Измамата му доаѓа сосема природно.

13 знаци дека сте во врска со самобендисан маж


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар