13 знаци дека прерано сте стапиле во брак
Идејата дека љубовта е сè што ѝ е потребно на една врска звучи многу добро, но често ситуацијата е поинаква. Некои луѓе толку многу се заслепени од љубовта, што воопшто не разговараат за големите проблеми пред да стапат во брак. Овие 13 знаци ќе ви покажат дека сте избрзале со оваа одлука.
1. Мислевте дека бракот ќе ви ги реши проблемите
Бракот нема да ги реши проблемите како осаменоста и несреќата. Ако сте стапиле во брак мислејќи дека вашите лични проблеми ќе исчезнат, брзо ќе сфатите дека сте згрешиле.
2. Сте чувствувале притисок
Без разлика дали притисокот бил од општеството, семејството или религијата, ова не е причина за стапување во брак. Бракот е голем чекор во вашата врска и треба да биде според вашиот распоред, а не според некој туѓ.
3 Сте сметале дека бракот е следниот природен чекор
Како што можете да чувствувате притисок однадвор, можете и самите да си го создавате. Можеби сте мислеле дека предолго сте во врска, па бракот е единствената опција која ви останала. Добро размислете дали бракот навистина е следниот чекор.
4. Живеете заедно пред да разговарате за брак
Кога двајца луѓе ќе почнат да живеат заедно, важно е да имаат исти очекувања од врската. Едно истражување покажало дека паровите кои живееле заедно пред да стапат во брак имале помало задоволство во бракот за разлика од оние кои чекале.
5. Никогаш не сте живееле со партнерот пред бракот
Од друга страна пак, многумина веруваат дека заедничкиот живот пред бракот е најдобриот начин да откриете дали сте добри еден за друг. На некој начин, ќе знаете што ве чека кога ќе стапите во брак и ќе откриете дали вашите животни навики си одговараат.
6. Никогаш не сте биле тим
Важно е да го поддржувате партнерот и понекогаш да се помирите дека некои работи не може да бидат како што сакате. Ако вие и вашиот партнер никогаш не сте се сложувале, веројатно исто ќе биде и во бракот.
7. Не знаевте кои сте пред бракот
Ако не сте уверени во вашата индивидуалност, премногу е рано за брак. Пред да можете да ѝ се посветите на друга личност, важно е јасно да ги гледате вашите цели и да знаете каква личност сте.
8. Никогаш не сте разговарале за деца
Важно е вашиот партнер да знае дали сакате да имате деца. Ако имате многу различни ставови за оваа тема, ќе настанат многу проблеми.
9. Никогаш не сте разговарале за целите во кариерата
Денес изгледа најважно е да бидеме успешни во работата. Деновите кога работел само едниот родител, а другиот се грижел за децата се одамна зад нас, па важно е да разговарате со партнерот за плановите во вашата кариера. Треба да знаете што да очекувате еден од друг.
10. Вие го сакате потенцијалот на вашиот партнер
Кога двајца луѓе стапуваат во брак, се очекува да ја сакаат личноста која веќе се. Луѓето се менуваат, но не треба да стапите во брак со надеж дека партнерот ќе се промени. Ако не ви се допаѓа сегашната „верзија“ на партнерот и само чекате да се појави неговиот вистински потенцијал, можеби е рано за брак.
11. Планиравте само до венчавката
Нормално е да ѝ се радувате на венчавката. Но, важно да а разговарате и што ќе се случи по неа. Ако сте немале никакви планови за после прославата, можеби не сте биле подготвени за брак.
12. Религиозни верувања
Иако можеби не размислувате за религијата, оваа тема сигурно ќе се појави во бракот. Најмногу проблеми се создаваат кога ќе имате деца. Можеби сте мислеле дека вашиот партнер не е религиозен, но откако дошле децата сте дознале дека сака да ги носи во црква. Разговарајте за овие работи однапред.
13. Пари
Едниот партнер смета дека после бракот сите финансиски средства ќе се делат, додека другиот не е спремен за тоа. Пред да стапите во брак разговарајте за тоа како ќе ги делите финансиите. Секој има различно мислење за оваа тема па со овој разговор ќе избегнете многу потенцијални проблеми.
Погледнете ги и 7-те погрешни причини за стапување во брак.