13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година - Part 2

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

7. Добијте возачка дозвола

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

Возачката дозвола ќе ве мотивира да работите понапорно – штом ќе ја добиете ќе сакате да купите и автомобил. Покрај тоа, навистина е полесно да имате возачка дозвола, дури и кога сте во странство ќе можете да изнајмите автомобил и да прошетате повеќе.

8. Најдете дополнителна заработка

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

До вашата 30-та година би требало да имате и дополнителен извор на приходи. Можеби тоа ќе бидат фриленс проекти, некоја пасивна заработка или ваш бизнис. Дури и работењето во најдобрата компанија не може да ви гарантира сигурна иднина. Поради ова важно е да имате повеќе извори на приход за да можете да се справите со која било кризна ситуација.

9. Иселете се од домот на родителите

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

Навистина е добро да живеете со родителите – домот е секогаш чист и секогаш има храна. Но, порано или подоцна ќе треба да се иселите оттаму и најдобро е да го направите тоа пред да наполните 30 години. Со ова ќе научите самите да го планирате буџетот и да ги земате предвид сите трошоци за кои не сте знаеле.

10. Научете да држете говор во јавност

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

На повеќето луѓе им е непријатно да држат говор во јавност, па дури и да го изнесат нивниот став пред странец. Научете да ги надминувате стравовите. Кога ќе можете добро да зборувате, ќе се ослободите од несигурноста, подобро ќе ги претставувате вашите идеи, полесно ќе го добивате она што го сакате и ќе знаете како да го сопрете секој конфликт.

11. Пронајдете го вашиот стил

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

Возрасната личност би требало да има свој стил што ѝ прави да се чувствува удобно. Кога ќе го најдете вашиот стил, засекогаш ќе се ослободите од проблемот одбирање облека. Веќе ќе знаете кои парчиња го покажуваат вашето вистинско лице. Имајте на ум дека вашиот изглед е важен за први впечатоци, па важно е да се чувствувате удобно.

12. Читајте класична литература

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

Класичната литература се обработува на училиште, но на таа возраст ретко кој ја сфатил нејзината вистинска длабочина. Па, слободно прочитајте ги лектирите од средно. Сигурно ќе ги сфатите поинаку – ќе откриете повеќе детали и ќе ја најдете нивната поврзаност со денешниот свет. Покрај тоа, со читањето ќе го збогатите вашиот речник и ќе можете да одржувате интересен разговор.

13. Вратете се во форма

13 важни нешта што секој треба да ги научи до неговата 30-та година

До некоја возраст можеме да бидеме во добра форма и без физичка активност. Дури и јадењето чипс навечер нема да има влијание на телото. Но, со текот на времето мускулната маса се намалува, а метаболизмот се забавува. Па ако не сакате уште во 50-тите да бидете неподвижни, почнете да спортувате. Во вашиот неделен распоред треба да има место и за физичка активност.

Дознајте и со кои нешта си ги отежнувате вашите 20-ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар