13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажица
Практичните личности знаат дека ни еден предмет нема само една употреба. Па така и лажиците не служат само за оброци. Ова се 13 супер трикови за убавина кои ќе ги направите со помош на лажиците во вашата кујна. Едно е сигурно, по читањето на овој текст вашата обична супена лажица ќе ја гледате од сосем поинаква перспектива.
1. Трик за ослободување од темните подочници
Ставете две лажици во фрижидер за длабоко, и оставете нека отстојат во текот на ноќта. Наутро извадете ги лажиците од замрзнувачот и со мало притискање поминете неколку пати по пределот под очите, со движења од внатрешниот агол нанадвор. Овој супер трик ќе ви помогне лесно да се изборите против темните подочници.
2. За прецизно исцртана линија околу очите
Со вашата лажица до попрецизна шминка! Лажицата може да ви помогне во нанесувањето туш или моливче за очи. Поставете ја рачката на лажицата во надворешниот агол на окото и исцртајте линија, потоа наместете ја лажицата така што ќе го покрива очниот капак и исцртајте полукружна линија следејќи ги краевите на лажицата (како што е прикажано на сликата). За крај избојте го празниот простор и слободно може да заведувате со поглед.
3. За совршено нанесена маскара
Поставете ја лажицата точно под окото и слободно нанесете маскара на долните трепки. Со помош на овој трик ќе избегнете траги од маскарата на вашето лице.
4. Помош при обновување на шминката
Доколку вашата сенка за очи се скрши и изгледа како да не е веќе употреблива, не губете надеж. Нанесете неколку капки алкохол и измазнете ја површината со помош на чиста лажица. Вашата шминка ќе биде како нова и повторно употреблива. Овој трик може да го направите со вашата сенка за очи, компактна камена пудра или руменило.
5. Лажицата во функција на виткач на трепки
Доколку немате соодветна алатка при рака, употребете лажица за да ги извиткате трепките. Поставете ја лажицата точно над трепките. Со прстот внимателно притиснете ги трепките врз лажицата (како што е прикажано на сликата), и продолжете да ја движите лажицата кон надворешниот агол на окото повторувајќи ја постапката. За подраматичен изглед најпрво загрејте ја лажицата со фен.
6. За исцртување совршен лак на веѓите
Лажицата има совршена форма која ќе ви помогне да им дадете форма на веѓите. Поставете ја лажицата точно под веѓата и внимателно следете ја линијата исцртувајќи со моливче соодветно со бојата ва вашите веѓи.
7. Лажицата како подлога за смеси од шминка
Буквално за која било смеса или комбинација од вашата шминка може да ја искористите лажицата како подлога. На пример, вашата омилена нијанса на сенка за очи во прав, измешајте ја со сјај за усни за да добиете нова нијанса на кармин.
8. Помош при нанесување руменило
Поставете ја лажицата точно на јаболчниците и лесно нанесете руменило. Лажицата е совршена за оваа намена бидејќи ќе ви помогне да нанесете руменило точно онаму каде што треба за правилно да ги истакнете контурите на вашето лице.
9. Лажицата како палета за бои
Нанесете две нијанси на лак за нокти и измешајте ги за да добиете нова нијанса. Исто, лажицата може да ви послужи за дизајн на ноктите така што ви помага полесно да земете само онолку колку ви е потребно од лакот за нокти.
10. За совршен дизајн на вашите нокти
Ви треба идеја за маникир? Измешајте две бои на лак за нокти на лажицата со помош на чепкалка. „Извалкајте го“ секој нокт посебно во добиената смеса и за крај со ацетон внимателно избришете ги рабовите околу ноктите за совршен маникир.
11. Помош при лакирање на ноктите
Кога сме веќе кај маникирот, земете пластична лажица и поставете ја точно под ноктот за да избегнете размачкување додека се лакирате.
12. За намалување на модринката
Ставете ја лажицата во замрзнувач а потоа со нежно притискање поставете ја на местото каде имате модринка. Ова ќе ви помогне доколку имате модринка или „шливка“ за побрзо да се повлече и да се намали.
13. Со топла лажица до побрзо намалување на мозолчињата
Ставете ја лажицата во филџан со жешка вода и со вдлабнатата страна поставете ја врз мозолчето, претходно проверувајќи да не е премногу жешка. Држете ја така додека не се олади и ќе видите дека за брзо ќе има ефект во намалувањето и исчезнувањето на мозолчињата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.