13 совети за неверството што можеме да ги научиме од новиот албум на Бијонсе

13 совети за неверството што можеме да ги научиме од новиот албум на Бијонсе

Долго очекуваниот албум на Бијонсе „Lemonade“ е конечно достапен за нејзините фанови кои останаа изненадени од неговата содржина. Навидум Бијонсе и Џеј Зи се совршената двојка без многу јавни скандали и конфликти, чија љубов беше крунисана со раѓањето на сега 4-годишната ќеркичка Блу Ајви. Но, дали новиот албум на Бијонсе открива една друга страна на оваа идилична љубовна врска? Или, пак, се работи за добар маркетиншки трик со цел да се предизвика шок и да ги остави фановите со милион прашалници во глава? За што и да станува збор, несомнено е дека од овој албум можат да се извлечат неколку добри поуки кои ќе ви помогнат да се соочите и да го преболите неверството на вашиот партнер…

13 совети на Бијонсе кои ќе ви помогнат да го преболите неверството

1. Истурете ги вашите емоции

Бијонсе се ослободи од милион чувства и емоции поврзани со неверството во „Lemonade“ – лутина, гнев, тага, љубомора, губење на разумот, болка. Тоа мора да било едно навистина катарзично искуство. Доколку не ги искажувате вашите емоции, тие ќе продолжат да се таложат и ќе ви нанесат уште поголема болка. Затоа, следете ги стапките на Бијонсе и кажете им како се чувствувате на вашите пријатели, родители, терапевт, па дури и на целиот свет (ако сте многу популарни).

2. Не заборавајте колку вредите

Еве што вели Бијонсе : Who the f**k do you think I am? You ain’t married to no average b***h, boy,” иIt’s such a shame, you let this good love go to waste. Мора да сте свесни за тоа колку вредите вие и вашата единствена љубов што ја давате. Немојте да се помирувате со она што го имате ако не ве исполнува. Вие заслужувате многу повеќе!

3. Налутете се на личноста со која ве изневерил вашиот партнер

Можно е да заборавите дека треба да се налутите и на неа од тоа што целата вина ја префрлате на вашиот партнер. Точно, тој требало да знае подобро, но исто како за кавгата и за неверството се потребни двајца. Нормално, целата лутина истурете ја на само, бидејќи ако директно решите да се соочите со неа и да се изнавикате или одмаздите, потоа може и да не се чувствувате толку добро како што сте очекувале.

4. Но, не заборавајте дека вистинскиот проблем лежи помеѓу вас и вашиот партнер

На крајот на краиштата, третата личност воопшто не е важна во целата ситуација. Најважно е да се соочите со вашиот партнер и да му покажете дека не може да си игра со вас! Или, што би рекла Бијонсе: „Јust give my fat ass a big kiss, boy / Тonight I’m f**king up all your s**t, boy“.

13 совети на Бијонсе кои ќе ви помогнат да го преболите неверството

5. Изгледајте неверојатно и чувствувајте се така

Вие секогаш треба да бидете на прво место и не смеете да се запоставите. Тоа не значи дека не смеете да се растурите од плачење и да се чувствувате за никаде, мора да поминете и низ тој процес, но не заборавајте да се сакате и да се грижите за себе.

6. Верувајте ѝ на вашата интуиција

Сигурно можете да почувствувате кога вашиот партнер лаже. Ако се сомневате дека тој ве изневерува, постојат големи шанси дека тоа е навистина така. Не ги занемарувајте оние знаци на предупредување кога го чекате да си дојде по полноќ, мирис на друг женски парфем и милион пропуштени повици со изговорот: „Снемав мрежа“. Бијонсе постојано зборува за тоа дека многу добро знаела за неверствата и лагите.

7. Бидете свесни дека дури и луѓе во среќни врски изневеруваат

Љубовта на Би и Џеј Зи служи како пример за она како треба да изгледа една врска. Меѓутоа, според едно истражување 56% од мажите и 34% од жените кои имале афера, изјавиле дека нивните бракови биле среќни. Ни една врска не е совршена и секому може да му се случи да изневери.

8. Да се биде изневерен е едно од најлошите чувства на светот, но мора да се продолжи понатаму

Може да се чувствувате како вашиот партнер да се обидува да го уништи сето она што ви е драго. Зборовите на Бијонсе совршено го опишуваат тоа чувство: „Are you aware you’re my lifeline, are you trying to kill me?“.

9. Неверството може да ве полуди, но тоа е во ред

Според приказната стара колку и првиот неверник во светот, луѓето продолжуваат да се прашуваат: „What’s worse, looking jealous or crazy? Jealous or crazy? / More like walked all over lately, walked all over lately, I’d rather be crazy“.

10. Простете, ако сметате дека навистина вреди

Очигледно е дека Бијонсе сметала дека Џеј Зи вреди повеќе од едно глупаво неверство. Размислете добро дали треба да простите и да продолжите понатаму. Ако решите да се обидете да го поправите односот, мора целосно да се помирите со она што се случило. Или според зборовите на Бијонсе: „Ten times out of nine, I know you’re lying / But nine times outta ten, I know you’re trying.“ Ако партнерот кој ве изневерил навистина се кае и се труди да ги поправи работите, дозволете му да го направи тоа, не можете засекогаш да го казнувате.

13 совети на Бијонсе кои ќе ви помогнат да го преболите неверството

11. Долгите врски бараат многу труд

Бијонсе пее: „Every promise don’t work out that way“, што значи дека врските се непредвидливи и тешки. Давате ветување и мислите дека сè ќе биде како во бајка, но некогаш очекувањата се далеку од реалноста. Но, ако и двајцата вложувате труд и навистина сакате да останете заедно, тогаш треба да целите кон тоа.

12. Неверството може да доведе до позитивни промени

Ако 18-те текста на песните од новиот албум на Бијонсе имаат некакво значење, тоа е дека неверството може да ги принуди луѓето да се соочат со проблемот што лежи под површината на изневерувањето и да допрат до нештата што навистина ја мачат двојката. Разговорот со вашиот партнер е најздравото и најзначајното нешто што можете да го направите.

13. Не му давајте втора шанса на неверниот партнер

Ако сакате и сметате дека врската навистина вреди, можете да му простите еднаш на вашиот партнер и да се обидете да го зацврстите вашиот однос. Но, два пати? Заборавете на тоа! Послушајте ја Бијонсе кога вели: „This is your final warning / You know I give you life / If you try this s**t again you gon’ lose your wife“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар