13 работи што повредените девојки несвесно ги прават
Емоционалните повреди понекогаш болат повеќе од физичките повреди. Скршеното срце е нешто што влијае на сите нас, без разлика дали ќе го признаеме тоа или не. По многуте емоционални повреди, некои луѓе почнуваат да несвесно да прават некои работи за да се заштитат. Ова особено важи за девојките кои биле повредени повеќе пати во минатото. Прочитајте кои се 13-те работи што повредените девојки несвесно ги прават…
1. Не ја сфаќаат љубовта сериозно
Повредените девојки повеќе не бараат љубов. Тие се надеваат дека еден ќе им се појави во животот, но се двоумат кога некој ќе се обиде да им искаже љубов. Многу се позатворени за разлика од претходно.
2. Многу се сомневаат во другите
Тие се сомневаат во сечии намери. Не сакаат пак да поминуваат низ истото и затоа не избрзуваат со започнување нови врски. Само затоа што некој им покажал интерес, не значи дека има добри намери.
3. Градат ѕидови
Тие создаваат бариери за да се заштитат себеси. Виделе што може светот да им направи на луѓето, па затоа не сакаат да бидат дел од сета мака. Прават сѐ што можат за да ги држат другите подалеку од себе.
4. Ја прифаќаат тагата како дел од животот
Не ѝ дозволуваат на среќата да завладее со нивниот ум. Подобро знаат да се справат со тагата. Поминале низ толку многу работи што не можат да го заборават тоа чувство.
5. Престануваат да споделуваат работи со другите луѓе
Веќе не се толку отворени и почнуваат да се однесуваат порезервирано. Не сакаат да ги споделуваат нивните мисли и чувства со другите. Болката ги менува луѓето.
6. Немаат доверба
Тие не веруваат никому. Ако сакате да ја добиете нивната доверба, ќе мора многу да се потрудите. Доколку очекувате од нив туку-така да ви се препуштат и да веруваат на сѐ што ќе кажете, можете слободно да си ги спакувате куферите и да заминете од нивниот живот.
7. Многу се силни
Тие созреале и станале посилни како последица од сето тоа што им се случило. Тие се изградиле себеси како личности и иако вам ви се чини дека претеруваат, тие се многу прибрани и приземни.
8. Мислат дека романтиката е лажна
Не веруваат во романтика. Врските се многу повеќе од романтичните гестови и тие го знаат тоа. Нема да паднат во слатките замки што ги поставуваат повеќето мажи.
9. Се фокусираат на себе
Тие се грижат за себе и нема да дозволат никој да им застане на патот. Знаат што сакаат и се борат за нивните желби. Секогаш се ставаат себеси на прво место.
10. Ги отстрануваат токсичните луѓе од животот
Не им дозволуваат на токсичните луѓе да останат во нивниот живот. Луѓето што не ги поддржуваат, не припаѓаат во нивниот живот. Тие им дозволуваат да останат само на оние кои ќе бидат тука за нив во тешките периоди.
11. Сами успеваат во животот
Можат да се снајдат без ничија помош. Многу се независни и не им треба никој друг во животот. Секако дека убаво е да се има друштво, но можат да живеат и без тоа.
12. Не измислуваат оправдувања
Тие не измислуваат оправдувања за туѓиот начин на однесување. Ако направите грешка, тие ќе ви го посочат тоа. Немаат разбирање за неодговорните луѓе.
13. Не преземаат ризици
Не сакаат да ѝ се препуштат на љубовта толку лесно. Преземањето ризици не доаѓа предвид. Тие се многу затворени, но имаат добра причина за тоа.
Доколку се вљубите во ваква девојка, имајте разбирање за нејзините потреби. Не ја принудувајте да прави работи за кои не е подготвена и имајте трпение. Можеби ќе треба да почекате малку, но сиот труд ќе ви се исплати на крајот, бидејќи повредените девојки знаат да љубат со целото свое срце.
Во продолжение прочитајте зошто силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено.