13 работи кои жените би требало да бидат способни да ги извршуваат самите, без помош од мажите

13 работи кои жените би требало да бидат способни да ги извршуваат самите, без помош од мажите

Секому му е потребен партнер во животот. Споделувањето радост или тага, секогаш изгледа полесно кога до себе имате некој на кој можете да се потпрете и да му верувате. Но, ова не значи дека партнерите треба да зависат едни од други. Постојат многу работи кои жените би требало да бидат способни самите да ги извршуваат. Во продолжение погледнете ја листата која ќе ви прикаже дел од нив.

13 работи кои жените би требало да бидат способни да ги извршуваат самите, без помош од мажите

1. Да погледнете во огледалото и да ви се допаѓа она што го гледате. Не би требало постојано да чекате некој да ви доделува комплименти или да чекате внимание од пријателите на социјалните мрежи. Научете да се сакате онакви какви што сте!

2. Да преживеете тежок ден. Секако, животот е полесен кога до вас имате некој да ви помогне, да ве ислуша и да ви даде совет. Но, покрај тоа, вие треба да бидете доволно силни самите да застанете на нозе.

3. Да заспиете. Не треба да ви е потребно да ја ставите главата на неговите гради или да го почувствувате неговиот здив за да заспиете. Научете да се чувствувате удобно со самите себе, без разлика дали тоа е во некој ресторан или во вашиот кревет.

4. Да се одбраните. Не би требало да имате маж до себе за да ве заштитува кога работите ќе тргнат во погрешна насока. Научете да се одбраните самите што е можно побрзо.

5. Да заработувате доволно за да преживеете. Не треба да го молите вашиот партнер да ви даде некој денар плус за да си ги купите работите што ви се потребни. Бидете жена која ќе заработува доволно за еден нормален живот.

13 работи кои жените би требало да бидат способни да ги извршуваат самите, без помош од мажите

6. Да ги поправите основните работи. Треба да бидете во можност да си го зашиете копчето од здолништето кое ви се скинало или пак да откриете зошто вашиот компјутер не може да се поврзе на интернет. Доволно сте паметни за да научите некои основни работи.

7. Да доживеете оргазам. Секако дека е подобро да го направите ова со вашиот партнер, но не треба да зависите од него, туку треба да бидете во можност да го постигнете истиот резултат и самите со себе.

8. Да возите. Добијте возачка дозвола при што нема секогаш да зависите од вашиот партнер да ве однесе до некаде.

9. Да готвите. Не дека треба да станете врвен готвач, но барем научете како да приготвувате неколку едноставни оброци. Не можете засекогаш да јадете брза храна.

10. Да се грижите за вашиот автомобил. Треба да знаете кога да го промените маслото и како да промените гума. Научете правилно да се грижите за автомобилот и да не зависите за секоја ситница од вашиот партнер.

13 работи кои жените би требало да бидат способни да ги извршуваат самите, без помош од мажите

11. Да патувате. Не треба да се плашите да отидете на другата страна од градот за да ги видите вашите пријатели или самите да патувате со авион. Верувајте си дека можете да донесете правилни одлуки и чувствувајте се безбедни вие самите.

12. Да одржувате комуникација. Не треба да очекувате вашиот партнер да зборува наместо вас. Ако некој ви постави прашање вам, тогаш одговорот се очекува од вас.

13. Да бидете среќни. Не треба да се чувствувате очајно секогаш кога вашиот дечко ќе излезе од собата. Треба да имате живот и без него, да бидете среќни, дури и ако тој не е до вас да ве бакне и да ве прегрне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар