13 работи кои треба да ги запаметите кога животот станува неподносливо тежок
Сите поминуваме низ тешки времиња, само што некои се снаоѓаат подобро, некои не. Се работи за ставот за животот. Ова се 13 работи кои треба да ги запаметиме кога животот станува неподносливо тежок.
1. Што е, тука е
Една од познатите мисли на Буда е: „Отпорот кон она ‘што е’ ве прави да страдате“. Размислете за момент за ова. Тоа значи дека страдањето доаѓа со отпорот кон моменталната состојба. Ако можете нешто да промените, тогаш фатете се за работа. Но, ако не можете, имате две опции: да ги прифатите случувањата и да се ослободите од негативата или пак да станете очајни поради опседнувањето со ситуацијата.
2. Проблем е само ако ние мислиме дека е проблем
Многу пати сами на себе сме си најголеми непријатели. Среќата навистина зависи од перспективата. Ако мислите дека нешто е проблем, тогаш вашите мисли и емоции ќе бидат негативни. Но, ако на тоа гледате како на нешто од што можете да извлечете поука тогаш тоа веќе не е проблем.
3. Ако сакате работите да се променат, треба да почнете од себеси
Вашиот надворешен свет е рефлексија на внатрешниот. Оние луѓе кои имаат хаотичен и стресен живот се такви затоа што и нивниот внатрешен свет е исто толку хаотичен. Сакаме да мислиме дека со промена на околностите ќе се промениме и самите ние. Но, не е така. Треба самите да се промениме за да се променат околностите.
4. Не постои „неуспех“, само можност за учење
Треба да го избришете зборот неуспех од вашиот вокабулар. Сите големи луѓе кои нешто постигнале во животот имале некаков неуспех. Томас Едисон рекол: „Јас не потфрлив во измислувањето на сијалицата, само прво најдов 99 начини кои не функционираа“. Затоа, вашите неуспеси претворете ги во добра поука. Научете како да бидете подобри следниот пат.
5. Ако не добиете нешто што многу сте го посакувале, тоа значи дека нешто подобро ве очекува
Тешко е да се верува во ова, знаеме. Но така е. Ако се потсетите на минатото и на сите работи кои не испаднале онака како што сте сакале, ќе видите дека по нив следувале многу подобри нешта. Можеби работата која не сте ја добиле би ве чинела да бидете често отсутни во семејството, но работата која подоцна ја добивте беше многу пофлексибилна. Само имајте верба дека сè што се случува е токму онака како што треба.
6. Ценете го сегашниот момент
Овој момент се случува сега и никогаш повеќе. И секогаш има нешто посебно во секој момент, затоа не дозволувајте само да помине покрај вас, наскоро ќе стане само сеќавање. Дури и во моментите кои не ви изгледаат среќно можеби постои нешто што ќе ви недостасува еден ден.
7. Ослободете ги желбите
Многу луѓе се како „слеп за стап“ кога се во прашање нивните желби. Си замислуваат желби и откако нема да им се исполнат, нивните емоции стануваат негативни. Наместо тоа, обидете се да го ослободите умот. А тоа значи дека кога сакате нешто, сè уште ќе бидете среќни или барем неутрални ако не ви се оствари.
8. Разберете ги вашите стравови и бидете благодарни поради нив
Стравот може да биде одличен учител. И надминувањето на стравовите ќе ве направи да се чувствувате како вистински победници. Стравот е само илузија, тој е не е задолжителен.
9. Дозволете си да уживате
Верувале или не, постојат многу луѓе кои себеси не си дозволуваат забава. Тие не знаат како да бидат среќни. Некои луѓе се навлечени на своите проблеми што дури и не знаат како да функционираат без нив. Дозволете си да бидете среќни, па дури и да е тоа само еден момент. Фокусирајте се на задоволството, не на тешкотиите.
10. Не се споредувајте со други
Но веќе ако морате, споредете со оние кои се полоши од вас. Не изгледате како Анџелина Џоли? Па многумина не личат на неа, но вие веројатно изгледате многу подобро од многумина од нив. Фокусирајте се на тоа.
11. Не сте жртви
Вие сте жртва единствено на вашите мисли, зборови и дела. Никој не ви прави ништо. Вие сте креатор на вашите искуства. Преземете си ја одговорноста и сфатете дека единствено вие самите можете да се извлечете од тешките ситуации. Треба да ги промените вашите мисли и постапки. Надминете ја вашата психички создадена жртва и постанете победник.
12. Работите може да се менуваат и се менуваат
Кога сме заглавени во лоша ситуација, си мислиме дека нема излез и дека ништо никогаш нема да се промени. Но верувајте дека ќе се промени, ништо не е конечно освен смртта. Затоа заборавете на навиката да мислите дека секогаш ќе биде така. Но, треба и да преземете нешто за работите да се сменат.
13. Сè е возможно
Чуда се случуваат секој ден. Верувајте, се случуваат постојано. Единствено што треба е да верувате во нив. Ако еднаш успеете – сте ја добиле битката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.