13 работи кои мажите ги сметаат за неодоливо привлечни кај жените

13 работи кои мажите ги сметаат за неодоливо привлечни кај жените

Мажите знаат да бидат вистински џентлмени кога сакаат, а се способни неизмерно да ја сакаат онаа со која избрале да бидат. Колку и да се прават мачо и бесчувствителни, тие се поемоционални од која било жена.

Исто така, тие се и поспецифични во барањата кога станува збор за влегување во врска. Веќе знаеме што ги прави мажите неодоливо привлечни, но еве кои женски особини се неодоливо привлечни за нив.

(1)-13-raboti-koi-mazhite-gi-naogjaat-neodolivo-privlechni-kaj-zhenite-kafepauza.mk

1. Кога се грижи за други луѓе пред него

Мажите го обожаваат моментот кога ќе ја видат својата сакана како држи бебе во рака или му помага на некој постар човек да ја помине улицата. Дали поради фактот дека во тие моменти можат да ја замислат како своја идна жена, ова кај нив предизвикува чувство на нежност и желба силно да ја прегрнат.

2. Кога носи облека во која се чувствува убаво

Ова е само поради една едноставна причина: мажите бараат да ја видат вистинската слика на девојката покрај нив. Да, таа ќе им изгледа неверојатно убава кога ќе облече нешто убаво и дефинитивно ќе им биде мерак што се дотерала само за нив, но за нив облеката не игра некоја посебна улога. Тие бараат да бидете свои, убави и интересни на свој начин, бараат реално. А она во кое се чувствувате удобно е секогаш најдобриот избор според нив.

3. Кога не се грижи за она што го зборуваат другите за неа

Мажите обожаваат силни и независни жени кои знаат што сакаат и каде одат, а овие жени се секогаш тема на разговор. Може не секој од нив може да биде со таква жена, но таа е неминовно привлечна за сите. Таа си го живее својот живот, знае каде оди и не ѝ е грижа дали некој ја озборува позади грб бидејќи се сака себеси таква каква што е и знае дека само така ќе може да ја сака и некој друг.

4. Кога има јасни мислења и цврсти ставови

Ова се жени борци, интелигентни, начитани и страстни. Кога сакаат нешто, тие прават сѐ за да го добијат, кога има дебата на некоја тема, тие точно знаат што мислат и зошто. А кога некоја жена шири енергија како оваа, таа ќе привлече многу мажи околу себе.

5. Кога постојано става еден ист парфем, но препознатлив меѓу другите

Уште од стари времиња, жените користеле секакви мириси за да ги привлечат мажите околу себе. Од оние интимните, па сѐ до оние специјално произведени само за нив, жените знаеле дека нивниот единствен мирис ќе ги разбуди сите сетила кај мажот и тој нема да може да одолее. Денес не е ништо поинаку. Уникатниот и специфичен мирис ќе ја одвои жената од групата, а мажот ќе може да ја почувствува секогаш и секаде.

6. Кога се социјализира во секоја ситуација

Во кое и да е друштво, невозможно е мажот постојано да ја држи за рака својата сакана бидејќи таа не знае како да се социјализира. Тоа е еден хендикеп кој многу мажи го наоѓаат далеку непривлечен, особено кога сѐ уште не се во врска. На пример, девојката која се забавува, зборува и се шегува со сите околу неа има многу поголеми шанси да привлече повеќе додворувачи отколку нејзината повлечена пријателка која тивко и мирно стои на страна.

7. Кога не ги мрази неговите пријатели

Невозможно е секој секому да му се допаѓа и секој со секого да може да направи муабет, но исто така е невозможно мажот да биде во врска со жена која ги мрази неговите пријатели. Тие се сепак неговото друштво кое е дел од неговиот живот и како такво, доколку дојде до тоа, тој најверојатно ќе ги избере нив. Тие му се важни, па му е многу важно и сака кога жената ќе ги прифати, дури и ако не ѝ се допаѓаат.

8. Кога не е опседната со контролирање на сѐ

Мажите не се научени да им се кажува што и како да прават, а особено мразат тоа да им го кажува некоја девојка. Почнувајќи од секојдневните нешта, како слушање музика или гледање телевизија, па сè до некои посериозни работи, како на пр., бирање стан, мажите ја наоѓаат неодоливо привлечна особината на жената да сака да го чуе и нивното мислење и заедно да одлучат што и како. Жените опседнати со тоа да контролираат сѐ и кои секогаш сакаат да го имаат последниот збор се напорни, а како такви и непривлечни.

9. Кога ужива во храната

Невозможно се напорни жените кои се опседнати со својата линија, кои се ставаат на изгладнувачки диети и кои не јадат апсолутно ништо освен чај и зеленчук само бидејќи сѐ останато може да ги здебели. Дали е можно таква девојка да однесете на состанок? Не. На мажите дефинитивно им се допаѓа кога нивната девојка внимава како изгледа, но обожаваат кога ќе излезат некаде и ќе нарачаат различна и превкусна храна која ќе ја поделат и ќе уживаат во неа со својата сакана. Сепак, постојат многу попаметни начини да се слабее: вежбањето и редуцираната исхрана се секогаш подобар избор од изгладнувањето.

10. Кога е во добар однос со неговото семејство

Доколку имаат намера да го поминат животот со девојката покрај нив, тогаш таа мора да има добар однос со неговото семејство. Уште пред тој да донесе одлука да ја запроси својата сакана, постојат и ќе има многу семејни настани и дружења на кои тој ќе гледа како таа се однесува со неговите блиски, а и тие со неа. Тие се неговото семејство и најважниот аспект од неговиот живот, па токму затоа, убавиот однос кој таа го има со нив ќе донесе само позитивни поени.

11. Кога знае да се шегува на туѓа, но и на своја сметка

Забавата е многу важна во секоја врска. Реалноста знае да биде пресурова, па затоа шегувањето, кое е дел од секојдневниот живот, е многу важно. Девојка која знае да го насмее, да се пошегува на негова сметка, но и да се смее кога кажуваат шеги на нејзина, е девојката со која тој ќе сака да биде. Колку и да е некогаш потребна сериозност, факт е дека сѐ што е претерано не чини.

12. Кога има разбирање за неговите машки дружења

Во секоја врска е потребен простор за парот да биде заедно, но и да може да функционира одвоено. Дружењето со свое друштво доаѓа како полнење на батериите кое неминовно е потребно ако сакате врската да успее. Затоа, девојка која ја разбира потребата на дечкото да излегува со своите пријатели и не му го замерува тоа, е девојка која тој ќе ја смета за попривлечна секој пат кога тоа ќе се случи.

13. Кога покажува дека е на негова страна

Како и тој на нејзина. Уште кога влегуваат во врска, важно е парот да знае дека секогаш ќе бидат на страната на ругиот, на страната на врската и дека можат да се потпрат на тоа. Дури и таа да не го дели неговото мислење, за мажот е многу важно да знае дека таа ќе биде покрај него и нема да го напушти кога му е најпотребна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар