13 причини зошто интелигентните луѓе не можат да пронајдат среќа

13 причини зошто интелигентните луѓе не можат да пронајдат среќа

Среќата и интелигенцијата се различни бидејќи среќата е состојба на умот, додека интелигенцијата е способност на умот. Интелигентните луѓе многу често се потценуваат кога станува збор за нивната интелигенција. Всушност, интелигенцијата е социјална контрукција која е проблематична. Еве ги причините зошто на интелигентните луѓе и „трезните“ души им е тешко да пронајдат среќа.

13-prichini-zosto-inteligentnite-lugje-nemozhat-da-pronajdat-srekja-kafepauza.mk

1. Интелигентните луѓе имаат високи стандарди

Поставувањето стандарди е добро бидејќи тоа ќе ви помогне да останете на правиот пат кон среќата и успехот. Но доколку ги поставите стандардите превисоко, може да се појават проблеми. Интелигентните луѓе знаат што сакаат и не прифаќаат пораз. Нивните високи очекувања се за секој аспект од нивниот живот. Ова им отежнува да се чувствуваат задоволни. Тие може постојано да мислат дека нивните достигнувања не се доволни и може да им предизвикаат проблеми во врските.

2. Интелигентните луѓе ги гледаат работите онакви какви што се наместо онакви какви што се надеваат дека ќе бидат

Кога е среќен, вашиот ум е фокусиран на сегашниот момент. Кога вашето внимание го заменува знаењето тогаш она што го знаете или не го знаете станува неважно. Едноставно, вашето внимание е насочено кон она што навистина се случува во моментот.

3. Интелигентните умови не се задоволни со сегашниот момент онаков каков што е, тие постојано бараат некое друго значење

Кога е интелигентен, умот ја заменува свесноста со знаењето. Тој не е задоволен со сегашниот момент па или целосно го напушта или додава и одзема работи од него, пробува да го разбере и слично. Умот се обидува да го измени моментот и да му даде значење бидејќи самиот момент не е доволен. При овој процес умот станува нетрпелив или изгубен бидејќи не секогаш може да го направи моментот подобар.

4. Среќен е смирениот ум, интелигентен е умот кој одбива да се смири

За среќниот ум доволно е тоа што е. Тој не бара да го менува моментот, бидејќи едноставно го прифаќа онаков каков што е. Интелигентниот ум не се задоволува толку лесно, па среќата често ја смета и за мрзлива.

5. Многу интелигентни луѓе премногу размислуваат

Интелигентните луѓе настојуваат да анализираат сè додека навистина не се изморат. Тие ги споредуваат предностите и недостатоците притоа повлекувајќи се во себе. Ова многу често резултира со појава на депресија. Тие често ги добиваат одговорите по кои трагаат, но постојаното знаење за сè може да биде навистина непријатно и да води кон разочарување.

6. Кога условите не се оптимални, тие се чувствуваат изневерено

Некои работи не носат секогаш ист резултат. Интелигентните луѓе имаат пореален поглед на работите и секогаш ги бараат најдобрите решенија.

7. Постојана контрола над себе

Интелигентните луѓе имаат лоша слика за себе поради грубиот начин на кој си судат самите. Тие не ги прифаќаат своите лоши страни, имаат високи очекувања за себе, а ова може да ги направи мрачни.

8. Бараат подлабоко значење

Многу интелигентни луѓе вешто разликуваат лошо од добро. Сфаќањето дека вистината понекогаш е болна, за многу од овие луѓе предизвикува да се чувствуваат покорено. Тие имаат ум кој постојано им поставува прашања.

9. Мал број луѓе ги разбираат

Контактот со другите луѓе може да биде најголемиот извор на среќа. Секогаш ги споделуваме нашите грижи со другите па тоа ни го олеснува справувањето со нив. Интелигентните луѓе ретко наоѓаат некој сличен на нив со кој можат да ги споделат нивните грижи.

10. Интелигенцијата често води до психолошки проблемите

Луѓето со надпросечна интелигенција имаат психолошко нарушување кое ги тера постојано да судат поставувајќи прашања. Ова не е здрава навика доколку се употребува премногу често. Човечкиот ум е многу комплексен и не е целосно сфатен. Претераното анализирање и чувството на изолација е составен дел од животот на интелигентните луѓе.

11. Среќата е секојдневна тешка работа

Не треба лесно да се откажуваме од човештвото. Ова е причина за несреќа кај интелигентните и премногу чувствителните личности. Просечните луѓе ја немаат длабочината за да ја разберат преголемата чувствителност кај интелигентните луѓе.

12. Повеќето интелигентни луѓе можат да бидат социјално непријатни и тешко забораваат

Многу луѓе го користат овој недостаток кој го имаат интелигентните луѓе. Тие многу често се прекорувани кога се во социјални ситуации.

13. Интелигентните луѓе често се плашат дека ќе ја изгубат способноста на нивниот мозок

Тие не водат сметка за чувствата на другите луѓе и многу често не ги сфаќаат шегите. Тие често ги анализираат разговорите отпосле, а ова само ги депримира.

Многу интелигентни луѓе не се секогаш успешни. Исто така не можат да издржат притисок, но имаат бујна фантазија и се многу креативни. Многу лесно може да бидат манипулирани и да се чувствуваат несреќно.

Прочитајте ги и овие причини за недостиг од среќа кај интелигентните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар