13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

Можно е залудно да си го трошите животот. Секому може да му се случи, но потребно е да се препознае таквата ситуација и да се смени. Ако кај себе препознаете некои од овие знаци, тоа значи дека е дојдено времето за промена.

13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

1. Трошите многу време правејќи работи кои не треба да ги правите

Прекумерно јадење, играње видео игри по цел ден, гледање реални шоуа, третирање на спортските настани како реални шоуа, занимавање со животите на славните личности… Тоа не е база за среќен живот.

2. Премногу се жалите

Не ви чинат работата, шефот, партнерот, професорите, колегите, пријателите… и се жалите за сето тоа. Дури и навистина ништо да не чини и само вие да сте во право, негативноста нема да смени ништо. Почнете со менување на работите во животот.

3. Не го храните умот

Книги, филмови, документарци или долги разговори со умни луѓе го хранат умот и го одржуваат во кондиција. За исполнет живот потребно ви е постојано да учите нови нешта. Тие нови работи носат промени и нови убави моменти во животот.

13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

4. Премногу сте самокритични

Умерената самокритика е здрава, но ако таа почне почесто да „ве посетува“ во моментите кога носите одлуки или се преиспитувате, тогаш вие во себе сте ја дигнале рачната кочница и стоите во место. Потрудете се да ги избркате лошите внатрешни гласови. Тие не ви дозволуваат да преземете акција тогаш кога сакате и прават годините да ви поминуваат за џабе и без некаква голема возбуда.

5. Немате мотив да правите што било

Сигурно има нешто што сакате да го правите, но прво треба да сфатите што е тоа. Ако во моментов го немате одговорот на тоа прашање, тогаш тргнете во потрага. Не трошете го времето залудно во неправење ништо што ве исполнува.

6. Не ја планирате иднината

Ако не ја планирате иднината, нема ни да ја доживеете како што треба. Немојте животот да го претворите во брод кој лута на сред океан онака како што го носат брановите. Одлучете која е вашата следна дестинација и вклучете го внатрешниот ГПС уред за да ве води.

13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

7. Премногу се дружите со луѓе кои не ви даваат да напредувате

Има луѓе во чие друштво ќе ви биде пријатно затоа што се чувствувате супериорно во однос на нив. Но, тие луѓе ќе ве држат на истото она место каде што сте сега и нема да ви дозволат да растете како личност. Не затоа што се злобни, веројатно ви мислат добро, но не нудат стимулативна средина во која ќе се преиспитувате, ќе сфаќате кои се вашите недостатоци и ќе напредувате. Сакајте ги тие луѓе, но трошете време и на други кои ќе го стимулираат вашиот раст.

8. Зависен/а сте од вашиот телефон

Животот не се случува по телефон или на социјалните мрежи. Тие служат за комуникација со оние кои не се тука во време кога не комуницирате со оние што се тука. Немојте да бидете како луѓето од оваа галерија. Не вреди. Тоа е залудно трошење време кое може да се искористи за градење квалитетни врски со некој што е блиску до вас.

9. Трошите пари на небитни нешта

Парите се трошат на она што ви треба, а не на она што „треба“ да го имате. Ако поседувате самртфон кој уредно работи и сакате да го замените со друг смартфон кој не може да работи „поуредно“ од него, џабе си трошите пари. Нив можете да ги потрошите на нешта кои суштински го исполнуваат животот.

10. Не спиете доволно

Дури и интензивното живеење на животот бара понекогаш да спиете помалку во интерес на искуствата што можете да ги доживеете во даден период, но понекогаш мора да се притисне на кочницата за да се зачува здравјето. Можеби не веднаш, но подоцна во животот тоа ќе покаже негативни резултати и ќе укаже на тоа дека некаде сте грешеле.

13 предупредувачки знаци дека животот ви оди за џабе

11. Не се грижите доволно за своето тело

Ова е една од работите за кои треба многу да се загрижите затоа што е водечката причина за смрт. Пороците, нездравата храна и мрзливоста изгледаат како нешта кои се неопходни за да „се живее животот“, но порано или подоцна тоа ќе покаже дека залудно сте го трошеле времето посветувајќи им внимание. Ќе имате висок крвен притисок, ќе станете дијабетичар, ќе ги загубите забите, некој дел од телото ќе почне да ви откажува послушност… што и да е, ќе се случи нешто поради кое ќе жалите.

12. Не ја напуштате зоната на комфорот

Животот без возбуда е залудно потрошен живот. Не зборуваме за онаа плитка и површна возбуда која ја даваат дрогите или брзото возење, туку за напуштање на вашиот внатрешен свет на кој сте навикнале со цел да доживеете нови работи кои ќе ви дозволат таков раст на личноста за кој не сте биле свесни ни дека постои.

13. Не го живеете животот кој го сакате

Дури и да ви се чини дека кај вас ги нема претходно набројаните знаци, ако чувствувате дека не го живеете животот што го сакате, преземете нешто. Не дозволувајте животот да ви оди за џабе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар