13 парчиња облека коишто ќе направат да изгледате прекрасно оваа есен
Доколку имате навика постојано да доцните само затоа што не можете да изберете соодветна облека, постои начин којшто ќе ви помогне околу вашите подготвувања, а тоа е поседувањето одредени парчиња облека коишто ќе направат да изгледате прекрасно оваа есен. Јакна, чизми над колената или едноставен фустан во форма на маица се едни од клучните работи да бидете во тренд оваа есен. Погледнете некои идеи.
1. Комбинезон
Можете да го комбинирате со кошула, џемпер или пак да го носите само така.
2. Наберена кошула
Чевлите и накитот секогаш може да го подобрат едноставниот изглед, но не и како оваа кошула. Комбинирајте ја со пар фармерки или пантолони и ќе изгледате посебно.
3. Бели патики со платформа
Платформата е во мода. Белите патики секогаш се во мода. Комбинирајте ги двете и бидете спремни оваа сезона.
4. Сатенска јакна
Постуденото време носи потреба од јакна, а покрај кожната, можете да го носите и овој вид. Комбинирајте ја со пар фармерки.
Преминете на следната страница за повеќе модели.