13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки - Part 2

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

7. Кратки шишки

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Кратки, драматични и ретро. Вака стилизираните шишки што ги носи Одри Хепберн се наоѓаат високо на листата за модни трендови. Оваа фризура прави жената да изгледа неколку години помлада. Можат да бидат прави и речиси совршени или малку „растурени“.

8. Тетоважи за стрии

Белезите од стрии се проблем со кој се соочуваат многу жени. Некои ги носат гордо, а некои се обидуваат да најдат начини да се изборат со нив. Тату-артистот од Сао Паоло, Родолф Отатудор, нашол начин да ги маскира. Ги пополнува најсветлите линии од раните со бои од телото за да ги измеша белезите од стрии со бојата на кожата. И тие навистина исчезнуваат! После заздравувањето кожата изгледа мазна. За жал, овој метод е користен само во Бразил, но ефектите се видливи. Родолфо ги маскира и темните кругови околу очите.

9. Сребрена коса

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Сребрената коса треба да ја потенцирате и не би требало да ја криете. Ако имате природно темна коса тешко е да се осветли за да се добие овој ладен сив изглед, но доколку имате природно сребрена коса сè што треба да направите е да ја зацврстите за да ја истакнете.

10. Пластична операција на папокот

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Друг нов тренд е папок каков што имаат моделите. Како што изгледа, постои совршена форма на папок – вертикално заоблен. Во пластичната хирургија постои специјална процедура за менување на формата на папокот и овој тренд станува сè попопуларен.

11. Природни трепки

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки
Одлични вести се дека светот се насочува кон природниот изглед. Природната грижа и изгледот без трепки сега е во тренд. Рицинусово масло, масло од семки од грозје и алое вера се продуктите кои ќе ви требаат. Процедурата наречена кератин лифтинг станува сè попопуларна којашто ги витка трепките и ги снабдува со витамини за растење.

12. Гел-пудра за нокти

Гелот се става на ноктите и не се користи УВ-ламба. Имаат издржливост дури до месец дена и изгледаат прекрасно.

13. Влажна шминка

Мат составите стануваат сè помалку популарни. Моментално „влажната шминка“ е во тренд. Кожата, очите и усните треба да изгледаат сјајно. Земете хајлајтер, масло за усни и сенка за очи што ќе ви даде „влажен изглед“ – целта е лицето да ви блеска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар