13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Бјути индустријата поминува низ големи промени. Добрата вест е што модата почнува да станува поедноставна и поприродна. Повеќе не ни требат совршени веѓи, лажни трепки или сушење на нашиот лак под УВ-светло. Модниот свет секојдневно нè изненадува.

1. Не постои совршена форма на веѓи

Оваа година природните веѓи се во тренд (боја, должина и форма). Но, треба да бидат стилизирани и уредни. Можете да користите специјален гел за веѓи и да пробате да ги поправите сите влакненца во стил каков што ви одговара.

2. Коса во виолетова боја

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Невообичаен, светол, екстравагантен изглед и барби стил – сите овие епитети ја опишуваат косата со виолетова боја. До неодамна оваа боја би изненадила многу луѓе, но во моментов дефинитивно е хит, дури и помеѓу славните. Предноста на оваа боја за коса е што сите нијанси на виолетовиот изглед се одлични без оглед на должината или формата на косата.

3. „Скршени“ стомачни

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки
Плочките на стомакот не се повеќе во тренд. Блогерките, славните личности и обичните Интернет корисници споделуваат слики со хаштаг #abcrack. Наместо убав стомак тие демонстрираат друго обележје – јасна вертикална линија. За да го постигнете овој изглед треба да бидете на посебна исхрана, да го вежбате овој дел од телото и секако да имате генетски предиспозиции.

13 нови бјути трендови што ги следат модерните и шик девојки

Манекенката Емили Ратајковски има јасна вертикална линија на стомакот. Таа редовно објавува слики од нејзиното тело на социјалните медиуми. Можеби таа го започнала овој тренд.

4. Техника за контури

Мејкап артистите работеле на техника за контурирање со четка. Многу е лесно да се изведе! Ќе ви требаат нијанси на руменило (во светла или темна боја). Се користи една боја на основата како база на јаболкниците и втората боја се става над нив со влакнеста четка. Преминот треба да биде многу деликатен и незабележителен. Оваа техника може да биде изведена со секаква четка.

5. Пеги како тетоважи

Луѓето што од раѓање имаат пеги често се горди на нив и не ги кријат. А, оние кои имале помалку среќа бараат начини да додадат пеги на нивното лице. Некои луѓе користат само шминка, а други одат чекор подалеку – се тетовираат. Тетоважите со пеги всушност изгледаат многу природно.

6. Тетовирање на прсти

Еден невообичаен начин да се носи дијамант е да се стави внатре во прстот. Процедурата не трае повеќе од неколку минути. Специјалистот прави мал пресек и го става титаниумскиот диск внатре. Накитот се закачува за дискот. Но, постојат и неколку недостатоци. Прво, може да ве боли кожата доколку не сте внимателни и второ, ако го користите овој вид дијамант наместо венчален прстен, ќе ви остане лузна во случај некогаш да се разведете.

Исто така можете да вградите дијамант во кожата на секое место од телото. Процедурата е наречена „микродермал“. Некои жени ги одбираат вратот, делот помеѓу градите, рачниот зглоб и клучната коска. Некои го ставаат под нивните очи за да изгледа како солза.

Продолжува на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар