13 нешта што би требало да му ги кажете на вашето дете пред да тргне на училиште
За децата училиштето е причина за забава, но и за загриженост. Поради ова родителите треба да им помогнат на децата да се подготват за училиште преку игра, споделување нивни приказни од училиштето и објаснување што ги чека. Ова се нешта што можат да бидат објаснети само од родителите.
За првоодделенците и нивните родители, сè изгледа необично, неудобно, па дури и страшно. Училиштето, другите деца и наставниците се толку многу различни. Децата искусуваат нешта како домашна работа и оценки за прв пат во нивните животи. И покрај тоа што родителите веќе го поминале овој „испит“, сепак се чувствуваат нервозно. За децата пак е уште покомплицирано, особено ако никогаш не оделе во градинка. За да им помогнете на вашите деца да чувствуваат дека припаѓаат на училиштето, научете ги на следниве 13 правила.
1. Твоето физичко и ментално здравје се поважни од лекциите. Ако се чувствуваш лошо, кажи на некого за тоа.
2. Не се споредувај со другите. Одиш на училиште за да стекнеш знаење, а не за да бркаш добри оценки.
3. Мора да ја разбереш темата, оценките не се толку важни. Ако добиеш лоша оценка, нема да те казниме, но добрата оценка ќе нè направи задоволни.
4. Ако нешто не можеш да сфатиш, побарај помош од наставникот.
5. Во ред е да се чувствуваш нервозно пред тестови. Но, не заборавај дека училиштето не е целиот твој живот, туку само мал дел. Па не му дозволувај да те разочарува.
6. И наставникот е човечко суштество и може да се разболи, да се измори и да направи грешка. Запомни го ова и почитувај го наставникот и она што го прави за тебе.
7. Немој да малтретираш никого. Малтретирањето е кога луѓето ги повредуваат оние кои се послаби од нив. Ако забележиш дека некој малтретира дете, кажи ми и ќе видам како можам да помогнам.
8. Ако не ги кршиш правилата, никој не би требало да те казнува. Можеш да играш игра на телефонот на одморите, кога не ти го одвлекува вниманието од учењето. Можеш да побараш да излезеш од час доколку ти се оди во тоалет. Можеш да одбиеш да јадеш доколку не сакаш. Ако сметаш дека наставникот греши или е неучтив, кажи ми.
9. Ако ги прекршиш правилата, наставникот може да те казни. Но никој не смее да те повреди, да те потценува или да те исмева. Доколку се случи тоа, кажи ми.
10. Научи да комуницираш со луѓе. Но доколку некој соученик те повреди, обиди се сам/а да го решиш проблемот. Доколку не можеш, побарај помош од наставникот или од мене.
11. Дај го најдоброто од себе. Овие предмети се навистина корисни. Исто така, научи да размислуваш.
12. Биди дисциплиниран/а. Правилата се создадени за да ни ги олеснат животите. Пишувај ја домашната, слушај го наставникот и сам/а подготвувај се за на училиште од претходната вечер.
13. Можеш да стекнеш знаење и на други места покрај училиштето. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за нешто, кажи ни и ќе ти помогнеме да ги најдеш одговорите.
Доколку вашето дете е премногу чувствително, погледнете како да му помогнете да биде успешно на училиште.