13 начини со кои ви покажува дека сте вистинската
Не сте сигурни дали вашиот партнер за вас резервирал посебно место во својот живот? Ова се дел од начините со кои мажите покажуваат дека ја нашле вистинската за себе.
1. Често ќе ве погледне долго и длабоко додека му светат очите како да добил на лото. Всушност, често ве гледа да без никаква причина. Ве гледа со сјај во очите дури и кога вие мислите дека не изгледате воопшто посебно.
2. Ќе ви каже работи кои не му ги доверил никому претходно. Тоа може да бидат мали ситници, но и големи тајни или непријатности кои ги доживеал. Ќе ви се довери и за своите несигурности и проблеми бидејќи се чувствува удобно додека разговара со вас и може слободно да ви се довери за што било.
3. Едноставно мора да ве бакне или да ви ја помириса косата. На пример, додека зборувате ќе ви подари бакнеж во образ или во чело бидејќи чувствува потреба да сподели момент на нежност со вас.
4. Се обидува да се зближи со вашето семејство. Ќе остане да се напие кафе со вашата мајка или да гледа фудбал со татко ви, и иако воопшто не му е лесно ќе прави такви работи за да се зближи со вашите блиски.
5. Сака да бидете дел од неговото секојдневие. Дури и кога е излезен со другарите може набрзина да ви го напише по порака вицот што го слушнал. Своето слободно време сака да го минува со вас и неретко прави планови за викендот уште од понеделник.
6. Покажува дека вашето мислење му значи. Ќе ве праша за мислење пред да треба да донесе некаква одлука или да купи парче облека. Не дека секогаш слепо ќе го следи она што ќе го речете, но ќе ве праша за мислење што само покажува колку ве вреднува.
7. Неговите големи животни одлуки се потпираат на вас. Дури и сосем несвесно ве вклучува во својата иднина. Доколку ви стане јасно дека веќе сте дел од неговите планови за иднината, тогаш бидете сигурни дека вие сте вистинската за него.
8. Тука е за да ве поддржи и да ве штити. Дури и кога вашите одлуки изгледаат по малку ирационални, тој ќе биде тука во текот на целиот пат чувајќи ве од неволји.
9. Заштитнички е настроен кон вас. Подготвен е да згазне сè што ве прави тажни и што ве вознемирува. Дури и сосем несвесно ќе му упати бесен поглед на момчето кое изгледа дека флертува со вас.
10. Сака да пазари со вас. Можеби сè уште не живеете заедно, но изгледа забавно пазарењето во маркет и донесувањето заеднички одлуки.
11. Има посебни начини со кои ја покажува својата љубов. Не секогаш се расфрла со „те сакам“, но постојат мали ритуали со кои покажува колку ве обожава.
12. Може да зборувате буквално за што било. Тој со вас ќе сподели и некои навидум неважни и мали работи. И двајцата се чувствувате слободно во друштвото на другиот и може да си кажете буквално сè.
13. Некогаш ја ризикува сопствената среќа и благосостојба за да ве направи среќни. Кога после напорното работно време, иако е буквално изнемоштен, сепак ќе ве однесе на вашата омилена претстава, имајте на ум дека сака да се ожени со вас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.