13 модни совети за дамите во 30-тите: Изгледајте младо, но не и како тинејџерки! - Part 4

13 модни совети за дамите во 30-тите: Изгледајте младо, но не и како тинејџерки!

Кратки здолништа во форма на ѕвонче наспроти здолништа со А-линија

(19)13-soveti-za-oblekuvanje-za-damite-vo-30tite-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-mlado-no-ne-kako-tinejdzherki-kafepauza.mk

(20)13-soveti-za-oblekuvanje-za-damite-vo-30tite-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-mlado-no-ne-kako-tinejdzherki-kafepauza.mk

Вистина е дека здолништата во форма на ѕвонче се прекрасни, но само ако сте тинејџерка. Како што можете да видите, ни на Џесика Алба не ѝ стојат добро. Најдобро е да ги замените со здолништа со А-линија. И ако немате тело како на модел, подобро е горниот дел на здолништето да ги нагласува колковите.

Експериментирајте: Азиски стил во повеќе слоеви

(21)13-soveti-za-oblekuvanje-za-damite-vo-30tite-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-mlado-no-ne-kako-tinejdzherki-kafepauza.mk

Жените кои наполниле 30 се среќни: Имаат поголема самодоверба, не зависат од мислењата на другите и можат да си дозволат да експериментираат. На пример, можете да ги истражите јапонските и корејските улични стилови наместо оние од Инстаграм. Повеќеслојна облека, елеганција, широки фустани, тесни панталони и интересни текстури.

Интересни детали

(22)13-soveti-za-oblekuvanje-za-damite-vo-30tite-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-mlado-no-ne-kako-tinejdzherki-kafepauza.mk

Дамите во 30-тите можат да си дозволат да посветат повеќе внимание на деталите наместо да одбираат „накитена“ облека. Тоа може да биде необичен материјал, квалитетна чипка или убава комбинација на нијанси. Овие детали создаваат совршена слика која покажува дека ги разбирате вашите предности.

Победничка комбинација: Фармерки и палто или палто и модни додатоци

(23)13-soveti-za-oblekuvanje-za-damite-vo-30tite-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-mlado-no-ne-kako-tinejdzherki-kafepauza.mk

Можете да правите безброј интересни комбинации со тесни фармерки, неколку блузи, палто, џемпер или кожна јакна. И ако купите неколку пара наочари и марами, проблемот „што да носам“ е решен за цела пролет. Џесика Алба е одличен пример за тоа.

Погледнете и неколку совети за како да изградите сопствен стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар