13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето - Part 2

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

7. Маслинки и домати

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Маслинките се одличен извор на хранливи влакна. Храната богата со хранливи влакна дава чувство на ситост, а со тоа се намалува лачењето на грелин, хормонот на глад.

Доматите имаат многу ликопен, антиоксиданс кој ефективно ги отстранува слободните радикали од телото. Покрај тоа содржи многу витамин А, калиум и железо.

8. Лубеница и балсамико оцет

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Лубениците ги спречуваат болестите на бубрезите, високиот крвен притисок, ракот, дијабетесот, болестите на срцето и импотенцијата. Содржат само 46 калории по порција и се 92% вода. Тие се богати и со витамин А и витамин Ц.

Балсамико оцетот го контролира дијабетесот, крвниот притисок, циркулацијата на крвта и служи како превенција од камења во бубрезите. Покрај тоа ја подобрува рамнотежата на киселини и алкални соединенија во телото. Тој го контролира гладот, па е ефективен во борбата против килограмите.

9. Банани и спанаќ

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Бананите помагаат во слабеењето, лекувањето нарушувања во стомакот, и се добри за констипација, анемија, туберкулоза и артритис. Покрај тоа тие не содржат масти, а секоја банана има околу 90 калории. Го спречуваат и прејадувањето бидејќи даваат чувство на ситост.

Спанаќот е богат со протеини кои лесно се разградуваат во телото. Овие протеини помагаат во растот и развојот на мускулите. Исто така ја подобруваат способноста на телото за заздравување.

10. Лосос и авокадо

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Лососот е совршен избор на месо за оние кои сакаат да ослабат. Бидејќи има многу протеини, а малку калории, лососот е одличен за здраво слабеење.

11. Пилешко и лути пиперки

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Храната богата со протеини е најдобра за слабеење. Многу истражувања покажале дека луѓето кои консумираат пилешко полесно ја контролираат својата тежина. Причината за ова е тоа што пилешкото има малку калории, а е богато со протеини.

Лутите пиперчиња го намалуваат апетитот и го забрзуваат согорувањето калории. Тие имаат многу хранливи материи и малку калории.

12. Мед и лимон

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Сокот од лимон има активна состојка наречена цитрична киселина која се користи поради моќните антибактериски и антисептични својства.

Медот има малку витамини и минерали вклучувајќи железо, цинк, витамин Б6 и хранливи влакна. Во комбинација со сок од лимон, тој е совршен за слабеење.

13. Авокадо и грејпфрут

13 комбинации на храна кои ќе ви помогнат во слабеењето

Бројни истражувања покажале дека редовното консумирање грејпфрут помага во слабеењето. Причината за ова е што еден ензим во нашите тела се активира од органска состојка во грејпфрутот. Тогаш се забрзува метаболизмот и се поттикнува слабеењето.

Грејфрутот и авокадото се одлична комбинација за салата. Грејпфрутот ги апсорбира хранливите материи од авокадото. Оваа комбинација е добра замена за помфрит или салати со тестенини.

Немојте да додавате чиа семе во салатите бидејќи покрај популарното мислење, ова семе може да предизвика дебелеење. Во 100 грама чиа семе има 486 калории. Ако го консумирате умерено можете да ги добиете сите важни хранливи материи, но немојте да претерувате.

Погледнете ги и овие видови храна со кои се слабее побрзо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар