13 безвремени трикови за прекрасна коса
Нека вашата коса изгледа беспрекорно во секој момент, со овие едноставни трикови од професионалците, колекционирани во последниве 7 децении.1. Камуфлирајте го подраснатиот корен, така што ќе го начешлате патецот во цикцак. – февруари, 1981
2. Секоја вечер, чешлајте ја косата од коренот кон врвовите. Ова ја распоредува природната масленост по целата должина на косата и ѝ дава здрав сјај. – октомври, 2005
3. Бидете директни кога му кажувате на фризерот што сакате да стори со вашата коса и понесувајте со себе фотографии од списанија, со разни фризури кои ви се допаѓаат. – април, 1971
4. Планирате сами да си ја бојадисате косата? Немојте да правите многу драстична промена. Држете се во границите од една до две нијанси, во однос на вашата природна боја на коса. – март, 1955
5. Чешлајте ја мократа коса како професионалец: чешлајте прамен по прамен од средината на косата кон врвовите, а потоа од коренот кон средината. – март, 1963
6. Никогаш не му дозволувајте на вашиот стилист да ви ја менува природната линија на косата кај тилот. Таму влакната растат во различни правци и многу ќе стрчат кога ќе почнат да растат. – февруари, 1976
7. Секогаш измивајте го регенераторот за коса со ладна вода, кој треба да го нанесувате само на врвовите. На овој начин, ќе ги скротите распуканите врвови и ќе ѝ дадете сјај на вашата коса. – септември, 2009
8. Заштитете ја косата од сончевите зраци во топлите денови со марама или со шапка. – јуни, 1938
9. Одложете го пукањето на врвовите, така што ќе спиете на свилена или сатенска навлака за перница. – септември, 2009
10. Променете го вашиот патец, за да ѝ дадете енергија и волумен на вашата коса. – април, 2010
11. За да ја поправите косата после носење капа, наведнете се надолу и протресете ја главата неколку пати. Потоа поминете со прстите низ косата, за да ѝ дадете волумен. За да ѝ дадете уште повеќе енергичност, наросете малку спреј за коса на четка со природни остри влакна, наведнете се и нежно чешлајте ја косата надолу. – февруари, 1990
12. Спречете виткање на косата: употребувајте само чешел со широки запци, особено кога ја чешлате косата на суво. – јануари, 1940
13. Доколку ја бојадисувате вашата коса, користете шампони и регенератори без содиум сулфат, кој е многу штетен за косата. Користете понежни производи за коса, кои не содржат штетни состојки. – септември, 2009
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
pogolema glupost nemam procitano porano vo 1971 sliki vo spisanija haha …