12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група души

12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група души

Дали некогаш сте налетале на личност и сте се почувствувале како да се знаете отсекогаш, иако само што сте се запознале? Дали некогаш веднаш сте се поврзале со странец без да знаете зошто? Понекогаш овие луѓе знаат што ќе кажете дури и пред вие да ја помислите таа мисла. Овие луѓе со кои можете да се поврзете на навистина длабоко ниво, се познати како вашето семејство души или група души.

12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група души

ШТО ПРЕТСТАВУВА ГРУПАТА ДУШИ?

Групата души ја сочинуваат еден човек или повеќе луѓе чии енергии се совпаѓаат на ментално, емоционално, физичко и духовно ниво во кој било момент. Овие луѓе се силно поврзани, а повеќето ја опишуваат оваа поврзаност како имање иста фреквенција или вибрација.

Оваа поврзаност не мора секогаш да биде романтична. Постојат разни видови поврзувања кои можат да бидат со пријатели, сродни души и слично. Без разлика дали потекнувате од разни култури, раси или позадини, веднаш ќе почувствувате поврзаност со луѓето од вашата група души.

ЗОШТО ИМАМЕ ГРУПА ДУШИ?

Овие луѓе не ви дозволуваат да останете иста личност. Обединувањето со нив може да трае неколку часа во авион, или 60 години. Секој член од вашата група души ќе се појави во вашиот живот за да ве научи на некоја лекција. Односно, вашето семејство души е овде да ви помогне да научите, да созреете и да го искусите она што нам ни е познато како просветлување.

Кога ќе ја откриете вашата група души, ќе созреете не само на индивидуално, туку и на колективно ниво. Само преку ова поврзување со друга душа може да настане драстична промена како внатре, така и надвор.

ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ СРЕТНАЛЕ НЕКОЈ ОД ВАШАТА ГРУПА ДУШИ

Па, каде да ги најдете луѓето од вашата група души? Вашата група души ќе ве најде вам, па потребно е да го поставите прашањето: „Кога ќе ги најдете?“

Во вашиот живот ќе има период кога ќе почувствувате како да ве привлекува вашата група души. Кога останатите членови ќе бидат подготвени, ќе бидете споени. Но ова не значи дека не треба да направите никаква промена. Штом ќе бидете подготвени да ги запознаете, треба активно да работите на тоа.

Потребно е да ја слушате вашата интуиција наместо вашиот мозок. Ќе забележите дека таа ќе ве води кон нови места и активности кои не сте ги пробале досега. Доколку налетате на личност од вашата група души, можно е да забележите некои од овие знаци.

1. Долго се гледате во очи

Воопшто не ви е проблем да ги погледнете во очи членовите на вашата група души, а самото гледање не предизвикува неудобност. Кога се гледате во очи чувствувате нешто познато, нешто удобно. Се чувствувате како да споделувате некоја вистина која и двајцата тивко знаете дека ја разбирате.

2. Личноста нема да биде егоцентрична

Членовите на вашата група души нема да сакаат нешта како слава, статус и пари. Наместо тоа, ќе бидат духовно созреани. Можеби ќе бидат заинтересирани за здрава исхрана, помагање на околината, медитирање и слично.

3. Чувствувате магнетна привлечност

Без некоја особена причина, членовите на вашата група души ќе се истакнуваат. Веднаш ќе почувствувате привлечност кон нив и кон нивната енергија. Дури и ако изгубите контакт со нив, тие одново и одново ќе се појавуваат во вашиот живот.

4. Го зборувате „истиот јазик“

Кога разговарате, и двајцата имате слични размислувања и верувања, а емоционално се наоѓате на иста страница. Често ќе ви се случува да си ги повторувате зборовите, како навистина да си ги рефлектирате умовите.

5. Ќе се чувствувате како да се познавате целиот живот

Ќе се чувствувате како никој друг да ве нема разбрано подобро од таа личност. Длабоко во себе чувствувате дека вашата поврзаност е безвременска. Дури и кога прв пат сте ја сретнале оваа личност, нешто кај неа ви било познато.

6. Се чувствувате полни со енергија

Секогаш кога минувате време со член од вашата група души ќе се чувствувате полни со енергија, наместо исцрпено.

7. Се појавуваат во вашиот живот кога ви се најпотребни

Моментот кога ќе се отворите кон растење над вашиот страв и ограничени верувања, е моментот кога ќе привлечете член од вашата група души.

8. Часовите поминати во разговор ви изгледаат како минути

Времето е навистина релативно кога разговарате со некого од вашата група души. Толку многу уживате во нивното друштво, што времето ви минува навистина брзо.

9. Ги рефлектираат вашите најдобри карактеристики

Вашата група души ќе ги рефлектира вашите најдобри карактеристики, но ќе ве предизвика да ги прифатите и недостатоците. Понекогаш овие предизвици ќе бидат во форма на тешки околности, или личноста ќе биде брутално искрена со вас.

10. Имате слични животни искуства

Темите како напуштање, малтретирање, изолирање и други проблеми ќе бидат споделувани помеѓу вас и вашата група души. Секоја животна тема ќе биде како основа за созревање, советување и заемна поддршка.

11. Вашата душа се чувствува мирно во нивно присуство

Постојат луѓе кои како да ѝ тежат на вашата душа и ја црпат целата ваша енергија. Со вашата група души е спротивно. Со нив секогаш ќе се чувствувате видено, разбрано, сакано и расположено.

12. Со нив можете да бидете автентични

Нема потреба да се криете или да се преправете додека сте со вашата група души. Овие луѓе го ценат вашето вистинско јас и на лично, и на духовно ниво.

Можеби ќе сретнете само една личност од вашата група души, а можеби ќе бидете среќни и ќе ги сретнете сите. Но она што е важно е да ги запознаете оние со слична мисија како вашата и да се поддржувате едни со други.

Погледнете и кои се двете космички врски што ќе ги остварите во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар