12 знаци дека сте опкружени со токсични роднини
Велат дека не можете да одлучите за тоа какво ќе биде вашето семејство, но можете да одлучите како ќе се однесувате и реагирате во одредени ситуации. Доколку во последно време се чувствувате преоптоварени поради односите со вашите роднини, еве неколку начини за да откриете дали тие се токсични или не.
Ова се најчестите особини кои се карактеристични за токсичните луѓе:
1. Тие дејствуваат без да се грижат за вашите емоционални потреби или чувства. Нивните постапки лесно можат да ви предизвикаат чувство на непријатност.
2. Ве осудуваат за вашите животни избори и користат груби зборови за да ве критикуваат.
3. Ве нарекуваат со погрдни имиња или се подбиваат со вас што е еднакво на вербална злоупотреба.
4. Тие не ве почитуваат и честопати знаат да ја преминат границата правејќи ве да се чувствувате бесни.
5. Тие никогаш не прават компромис.
6. Се однесуваат како да се овластени да ви дадат совет и секогаш се во право само затоа што се постари.
7. Поставуваат нефер барања од вас и очекуваат да имате сервилен однос кон нив затоа што сте помлади.
8. Честопати може да ги слушнете како лошо зборуваат за другите и како ги пцујат.
9. Не преземаат никаква одговорност за своите грешки и наместо тоа, избираат да ја префрлат вината на другите.
10. Никогаш не се извинуваат и честопати ги повредуваат вашите чувства.
11. Изразуваат гнев поради вашето однесување, но вие не можете да го изразите чувството на незадоволство кон нив.
12. Ве уценуваат и манипулираат со вас за да ги исполните нивните барања.
Откако прочитавте кои знаци укажуваат на тоа дека сте опкружени со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 5 начини можете да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.
Извор: pinkvilla.com