12 знаци дека доживувате духовна смрт и повторно раѓање

12 знаци дека доживувате духовна смрт и повторно раѓање

Духовното будење или просветлувањето значи будење на нашата вистинска природа. Ова искуство воопшто не е пријатно бидејќи за да станете свесни за вашата вистинска природа, треба да се ослободите од сите лажни идентитети и ограничувања што ги имате.

12 знаци дека доживувате духовна смрт и повторно раѓање

Овој процес од духовното будење е познато и како духовна смрт. Ова не е смрт во физичка смисла, туку смрт на лажниот идентитет што го имаме со нашите его, ум и тело. Кога започнува духовното будење, егото се обидува да направи сè за да ја зачува својата позиција. Но штом ќе продолжите да се движите напред, егото ќе почне да сработува со вас. Смртта на егото ќе ве натера да сфатите дека сте бесконечна душа, додека егото е само инструмент што го користите. Во продолжение погледнете што можете да очекувате во овој процес.

1. Се чувствувате беспомошно

Кога ќе го почнете патот кон будењето, можно е да се чувствувате навистина осамено и да откриете многу ментални конфликти. Причината е што сите ваши верувања ќе се срушат пред вашите очи и нема да знаете со кого да разговарате за овие работи. Но останете таму. Кога егото ќе почне да се распаѓа ќе сфатите дека вие сте дел од универзумот и ќе се чувствувате поврзани со него.

2. Чувствувате како да не живеете со полн потенцијал

Кога ќе го започнете овој процес, ќе сфатите дека не живеете со вашиот најголем потенцијал. Немојте да се плашите од ова чувство на незадоволство бидејќи токму тоа ќе ве мотивира да ги направите потребните промени.

3. Чувствувате како нешто да ви недостасува

Иако можеби сè во животот ви оди добро, можно е да чувствувате како да ви недостасува нешто. Причината е што ја слушате вашата душа како се обидува да ви го сврти вниманието кон нејзината вистинска природа. Кога ќе го откриете вашето вистинско јас, ќе го најдете и делчето од сложувалката.

4. Се чувствувате исцрпено физички, ментално и емоционално

Процесот на духовната смрт и духовното раѓање може да биде навистина напорен, и тоа физички, ментално и емоционално. Во овој период телото минува низ многу енергетски промени, па неретко ќе чувствувате главоболка, болки во телото и други непријатни симптоми.

5. Се чувствувате како да ве влечат на разни насоки

Можеби претходно сте имале јасно разбирање за тоа кои сте, кои се вашите вредности и каде одите. Но духовното будење ќе го преврти вашиот живот наопаку и ќе ве натера да се чувствувате развлечено во повеќе насоки. Во овој процес ќе почувствувате нови можности во вашиот живот. Ќе ви стане јасно кои сте и ќе почнете да го живеете животот според тоа.

6. Ќе ја барате вашата цел

Сè што претходно ви имало смисла, повеќе нема да ве задоволува. Ќе почнете да ја барате вашата вистинска цел и ќе ја стигнете на крајот на оваа трансформација.

7. Ќе почнете да гледате низ вашите нездрави одбранбени механизми

Кога ќе почнете да се будите, ќе сфатите како самите сте заглавувале поради вашето его. Ќе ги спознаете негативните одбранбени механизми со кои сте се обидувале да ја избегнете болката. Што побрзо се соочите со нив, побрзо ќе го надминете целиот процес.

8. Се чувствувате како да не припаѓате никаде

Одеднаш ќе се почувствувате како да не припаѓате никаде и ќе ги избегнувате сите социјални настани. Ќе сакате да минувате повеќе време во самотија и ќе барате начин да стапите во контакт со вашето висинско јас. Не грижете се, ова е само привремено.

9. Се чувствувате исцрпено

Досега сте ги стигнувале крајните рокови, сте ги постигнувале целите, но одеднаш сте ја изгубиле оваа моќ. Полека ќе започнете со реорганизација на вашиот живот. Ослободете се од што било што не ви одговара и почнете да го градите животот од соништата.

10. Ќе сакате да се тргнете од рутината

Ќе почнете да се чувствувате заглавено. Секој ден се будите, работите и спиете, за следното утро да се разбудите со истото чувство на незаинтересираност и апатија. Ова се знаци дека ви е потребна организација и дека треба да се тргнете од рутината.

11. Се сомневате во себе и во вашата вредност

Во почетната фаза на духовното будење може ќе забележите дека се сомневате во секоја ваша одлука. Причината е што претходно сте правеле нешта кои сега ви немаат смисла и сè уште не сте нашле храброст да ги правите нештата на ваш начин. Бидете трпеливи. Ќе ја поминете и оваа фаза.

12. Страдате од несоница

Во текот на овој процес постојано ќе бидете загрижени каде се наоѓате, каде сакате да одите и како ќе стигнете таму. Овие мисли стануваат почести навечер и не ви дозволуваат да спиете. Обидете се да се релаксирате со медитација за да го подобрите квалитетот на сонот.

Дознајте и кои се симптомите на духовното будење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар