12 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно вода

12 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно вода

Сигурно многу пати досега сте слушнале дека треба да пиете доволно вода, но и покрај тоа не внимавате многу на тоа. Дехидратацијата е широко распространета појава. Повеќето луѓе не се ни свесни кога им фалат течности во организмот, па затоа самите треба да внимаваат на тоа да внесуваат најмалку два литри дневно. Доколку тоа не се случи, постои ризик од настапување на некое или повеќе од овие 12 здравствени нарушувања.

9 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно вода

1. Замор и недостаток на енергија. Се забавуваат ензимските активности и доаѓа до чувство на замор. Ова исто така доведува до чести промени во расположението.

2. Прерано стареење. Количината на течности во телото паѓа од 80% кај бебињата, до 70% и помалку како што растеме или старееме. Недостатокот на течности го забрзува процесот на стареење.

3. Дебелина. Дехидратацијата го лаже мозокот дека чувствувате глад и ве тера да јадете повеќе отколку што е потребно. Истовремено недостатокот на вода го забавува метаболизмот.

4. Висок или низок крвен притисок. Недостатокот на течности го нарушува крвниот притисок затоа што на крвта постојано ѝ се потребни нови течности.

5. Холестерол. Кога телото губи течности, тоа почнува со производство на холестерол со цел да ги запре овие загуби.

6. Запек. Цревата црпат вода од храната која претходно се сварила во желудникот. Затоа ако не внесете доволно течности, таа храна предизвикува запек.

7. Проблеми со варењето. Се намалува лачењето на желудочните сокови и настануваат проблеми со варењето.

8. Проблеми со дишењето. На слузта во дишните патишта ѝ е потребна вода. Таа е влажна со цел да ги заштити дишните патишта, а нејзиното излачување може да се наруши без доволен внес на течности.

9. Уринарни инфекции. Ако во организмот нема доволно течности тој нема да може доволно да ги разводни токсините во урината и тие ќе предизвикаат уринарни инфекции.

10. Егземи На вашето тело му треба доволно влажност за да се поти колку што е потребно бидејќи на тој начин се ослободува од токсините кои во спротивност ја иритираат кожата.

11. Ревматизам Дехидрацијата абнормално ја зголемува концентрацијата на токсини во крвта и ткивните течности со што пропорционално се зголемува болката.

12. Ризик за сериозни болести Пиењето многу вода ќе ви помогне да ги намалите шансите за појава на камен во бубрег, рак на дигестивниот и на уринарниот тракт, како и срцев удар.

Запомнете дека секој ден губите вода со дишењето, потењето, преку урината и при празнење на цревата. За да функционира вашето тело како што треба, мора постојано да ја надоместувате изгубената течност со помош на напитоци и храна која содржи течности. Во нормални услови, здрав маж треба да пие по 3, а здрава жена по 2,2 литри вода на ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар