12 вистини за „добрите девојки“

12 вистини за „добрите девојки“

Луѓето се такви какви што се. Некои се убави, некои паметни, некои живи и разиграни, некои, пак, уживаат во самотијата и мирниот живот. Иако во поглед на поголем дел од нашите особини имаме избор какви ќе бидеме, за некои сме едноставно такви какви што сме. Целта е да се прифатиме такви какви што сме бидејќи само така ќе можеме да бидеме среќни и да живееме исполнет живот. Но секако и очекувано е дека ги има и оние луѓе кои секогаш ќе зборуваат. Тие ќе носат заклучоци за нас дури и тогаш кога не ги знаат сите факти, ќе градат и шират мислење кое, во поголем дел, не е точно, па на база на него ќе осудуваат. И тука не можеме да направиме ама баш ништо.

1-12-vistini-za-dobrite-devojki-kafepauza.mk_

Едни од најголемите стереотипи кои постојат за луѓето, се оние за „добрите девојки“. Па за сите оние кои мислат дека сето тоа е глума и дека тие се ладнокрвни, вообразени личности, овие неколку вистини ќе го сменат вашето мислење.

1. Не мислат дека се подобри од вас

Тие имаат свое мислење и став и не им е страв да го споделат со луѓето околу нив. Истовремено го почитуваат и туѓото мислење, без разлика колку е различно. И ова воопшто не значи дека мислат дека се подобри од другите. Едноставно кажува дека се јаки личности кои стојат позади тоа што го зборуваат.

2. Не се опседнати со мислењето кое другите луѓе го имаат за нив

Она што веројатно најмногу од останатите луѓе го мислат е дека овие девојки постојано глумат дека се добри и слатки. Многу луѓе веруваат дека добрите девојки се опседнати со тоа каков впечаток оставаат пред останатите, па глумат невини и добри само за тоа мислење да биде добро. Но тие се такви какви што се бидејќи им е убаво така. Толку ли е неверојатно да се помисли дека едноставно не уживаат во правењето лудории?

3. Се забавуваат

Добрите девојки делуваат досадни и монотони за останатиот свет. Додека сите учествуваат во класичните игри на забава, како што е пијанчење со пријателите на некоја луда забава, овие девојки можеби повеќе уживаат во мирна вечер со пријателките или посета на некој убав ресторан. Тоа што дефиницијата за забава не им е иста како на другите луѓе, не значи дека нивниот живот е досаден и дека тие не знаат да се забавуваат.

(4)-12-vistini-za-dobrite-devojki-kafepauza.mk

4. Пријателки се и со девојки кои не се како нив

Иако повеќето сметаат дека „добрите девојки“ си се држат едни до други, најчесто не е така. Тие имаат широк спектар на пријатели, но можеби најверојатно е да се во друштво на нивната целосна спротивност. Тоа е така бидејќи тие ги ценат различностите кај луѓето и тоа што различните искуства и карактери можат да им го понудат. „Добрите девојки“ се доста дружељубиви и ги прифаќаат другите, а не се злобни и повлечени во друштво на луѓе со карактер сличен на нивниот.

5. Не се асексуални личности

Секс после брак е работа која е одамна изумрена. Бројот на луѓе кои сѐ уште чекаат да запливаат во брачните води, па потоа да имаат секс е веројатно премногу мал за воопшто и да се спомнува. Па зошто тогаш постои таа претпоставка дека „добрите девојки“ се или сексуални девијанти или асексуални личности? Тие се сосема нормални како сите други, па и функционираат сексуално како сите други. Имаат момчиња, излегуваат со нив, се забавуваат, имаат секс. Тоа што се чини дека живеат по сите норми и прописи на општеството навистина не треба да ги карактеризира како вечни девици.

6. Не се потајно сексуални девијанти

Луѓето тежнеат да измислуваат и замислуваат за она што не го познаваат. Гледајќи ги „добрите девојки“ како повлечени, мирни и послушни, многу луѓе претпоставуваат дека тие се всушност сексуални девијанти, односно мора да постои некоја нивна мрачна страна и чудни желби поврзани со сексот. Но факт е дека тоа не е воопшто нивна работа и дека тие се такви какви што се, а тоа не значи дека се чудни, страшни и морничави кога станува збор за сексот. Но, не можеш да ги спречиш луѓето да си умислуваат нели?

(2)-12-vistini-za-dobrite-devojki-kafepauza.mk

7. Прават шеги на нивна сметка

Да, делуваат сериозни во поголем дел од времето, но верувајте дека знаат да се шегуваат. Уште повеќе, знаат да кажат шега и на своја сметка кога ситуацијата го повлекува таквото однесување. На сите им се случува да направат некоја глупост или некој кикс, па потоа да ги следи зезање и смеење за тоа секогаш кога ќе се соберат во друштво. Истото им се случува и на „добрите девојки“. Тие не се посебни ниту, пак, се чувствуваат така, а сериозноста со која се одликуваат во поголем дел од времето не значи и дека се намќорести и дека лесно се навредуваат.

8. Не се грижат дека пропуштаат многу работи

Сите оние лудории кои младите ги прават кога се во 20-тите години се работи кои ниту еден млад човек не треба да ги пропушти. Забави до ниедно време во ноќта, пијанчење, менување девојки/момчиња како чорапи, бегање од одговорности, правење глупости и сѐ на сѐ, таа потполна несериозност се само мал дел од тоа искуство кое е неизбежно за младите. Но едноставно „добрите девојки“ не чувствуваат потреба за сите или за дел од овие работи. Тие се забавуваат на свој начин и тоа им е сосема доволно. Не се чувствуваат дека пропуштаат важен дел од животот бидејќи тие го живеат тој дел на начин на кој тие сакаат и кој совршено им се допаѓа.

9. Не се совршени и не живеат совршено среќен живот

„Добрите девојки“ имаат чувства како и сите други луѓе. И тие се натажуваат, се радуваат, се нервираат, се лутат, се чувствуваат несигурни, страв им е, уживаат во животот и сѐ останато што е сосема очекувано за секое живо човечко суштество. Начинот на кој тие го живеат својот живот не значи дека тој е лесен и едноставен. Тоа е живот како и на сите останати, пропратен со сите подеми и падови кои му следуваат. Можеби начинот на кој тие се поставуваат кон нивните проблеми е различен, но чиј не е?

3-12-vistini-za-dobrite-devojki-kafepauza.mk_

10. Не избрале да бидат „добри девојки“

На сите ни се допаѓа тоа што ни се допаѓа. Не секогаш постои посебна причина зошто некои нешта ни се допаѓаат, а други не или зошто некои наши карактеристики и гледишта се такви какви што се. Едноставно тоа е така. И колку побргу се прифатат тие работи во врска со себе, толку побрзо ќе може да се живее тој поубав живот. „Добрите девојки“ немаат туку така избрано да бидат такви какви што се, едноставно се. Некои сакаат да се бунтуваат, други не. Некои сакаат да живеат живот полн со предизвици други не. Ете толку е едноставно.

11. Не се деликатни нешта на кои им треба заштита од реалноста

Дали навистина мислите дека „добрите девојки“ се конзервативни и тотално незапознаени со реалниот свет? Бидејќи не е така. Тие живеат, како и сите други, во овој свет и се соочуваат, како и сите други, со сите тешкотии кои животот ги носи со себе. Гледаат телевизија како и сите други, слушаат радио како и сите други и користат интернет како и сите други. Свесни се колку може животот да биде крут и неправеден и не се некои принцези одгледани во замок ограден од гнасотиите на денешницата. И не им е потребна заштита од нив. Можеби делуваат нежни и како одгледани во совршенство, но се совршено способни да се соочат со предизвиците и лошите вести.

12. Не им треба поправка и чудо за да ги спаси

Гледате, навистина нема ништо погрешно во врска со „добрите девојки“. Тие се потполно здрави умствено и не постои чкрапало кое само чека да биде притиснато за да се случи чудо и тие да станат нормални. Бидејќи веќе се. Само се различни. Па што ако не ги сакаат истите работи како поголемиот дел од младите? Што ако се забавуваат на поинаков начин? Па што ако се однесуваат различно? Тие се такви какви што се, нормални и исправни, не им треба чудо кое ќе ги спаси за да станат како останатите. Токму другите се оние кои имаат проблем со прифаќање на тоа какви луѓе се „добрите девојки“, бидејќи тие самите се имаат целосно прифатено себеси.

(6)-12-vistini-za-dobrite-devojki-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар