12 трикови со шминка коишто ќе ѝ го променат животот на секоја девојка
7. Кармин од сенка за очи
Понекогаш може да биде навистина тешко да го најдете вистинскиот кармин за бојата на вашата кожа. Но, многу едноставно можете да си направите ваш кармин. Истурете ја содржината на безбоен балсам за усни во сад. Додајте малку сенка за очи и ставете го садот во микробранова печка околу 2 минути. Измешајте ги состојките и истурете ги во празен кармин. Оставете го да се исуши.
8. Втор живот на сувото моливче
Сигурно веќе знаете дека е навистина тешко да користите суво моливче. Ако сте во таква ситуација, земете го фенот и насочете го кон моливчето. Сушете го целиот молив околу половина минута.
9. Продукти за усни како сенка за очи
Едноставно можете да ги користите продуктите за усни на вашите очи. Карминот, моливчето и сјајот за усни можат да бидат одлична замена за сенка.
10. Совршено нанесен туш за очи
Можете да користите обичен молив за да го нанесете тушот. Ставете малку од тушот на раката и натопете го моливот во него. Поставете го моливот на крајот од окото и внимателно нацртајте го „крилото“.
11. Бело моливче за поголеми очи
Добро познат факт е дека црното моливче може да направи очите да ви изгледаат помало. За да го постигнете спротивниот ефект, употребете бело моливче за очи. Нанесете го на внатрешниот дел од капакот и вашите очи ќе изгледаат поголеми. Ако сакате поприроден изглед, можете да употребите моливче со боја на кожа.
12. Контурирање со точки
Правилата за контурирањето со точки се исти како и обичниот метод – потребно е да го осветлите центарот на челото, делот под очите, брадата и носот. Нагласете ги јаболкниците и челото. Можете да додадете и руменило на врвот на образите. Откако ќе ги нанесете точките на правилното место, исенчајте ги.
Ако немате многу време за средување, пробајте ги овие трикови за брзо и ефикасно шминкање.