Претходно
12 трикови со кои ќе ѝ го продолжите животот на вашата облека
Дали вакуум кесите за складирање облека се навистина корисни? Како можете да го исушите деликатниот материјал? Како најбрзо да ја организирате облеката после перење? Веројатно си ги имате поставено овие прашања барем еднаш во животот. Во продолжение откриjте ги одговорите, но и некои од најпопуларните грешки што ги правите со вашата облека.
Грешки при перење на облеката
- Не земате предвид колку е валкана облеката. Многу валканата облека треба да ја перете одделно од релативно чистата, бидејќи за секоја ситуација е потребно различно количество вода. Доколку не го следите ова правило, белата облека со текот на времето ќе стане сива или жолта, а шарените парчиња ќе избледат.
- Не ја сортирате облеката правилно. Експертите препорачуваат да перете мали парчиња облека со големи. На овој начин облеката ќе може да се движи низ пералната, па перењето ќе биде поефикасно.
- Не ја прилагодувате температурата на водата. Детергентите се најефективни во топла и жешка вода. Студената вода треба да ја користите само за парчиња што не се многу валкани.
- Не ги превртувате парчињата од волна и памук. Поради триењето со другата облека во пералната, на овие парчиња можат да се направат топчиња. Бидејќи се тешки за отстранување, најдобро е однапред да ја спречите нивната појава.
- Не користите торба за перење за чорапите и долната облека. Ова не само што ќе ви заштеди време бидејќи нема да има потреба да ја сортирате облеката по перењето, туку деликатните парчиња нема да се растегнуваат и да се кинат.
- Користите омекнувач кога перете спортска опрема. Поголемиот дел од модерната спортска облека е направена од посебен материјал што го прави сушењето на потта побрзо. Омекнувачите можат да остават траги на материјалот и да ја намалат неговата ефикасност.
Грешки при сушење на облеката
- Сушите костими за капење на радијатор или во сушална. Топлината ја оштетува еластичноста на костимите за капење. Откако ќе ги исперете оставете ги да се исушат без топлина.
- Не користите закачалка за сушење кошули и други парчиња. Во овој случај одберете дрвени закачалки бидејќи облеката нема да ја изгуби формата, нема да се растегне и ќе нема да биде изгужвана.
- Закачувате волнени и плетени парчиња. Облеката направена од природни растегливи материјали треба да биде исушена на маса или на рамна површина.
Грешки при складирање на облеката
- Предолго ги користите вакуум кесите. Пластичните кеси се одлични за складирање облека на краток период додека ја транспортирате. Но доколку ги користите пречесто, можат да ја оштетат облеката. На облеката ѝ е потребна природна температура и доволно провев за материјалот да го задржи квалитетот.
- Складирате валкана облека. Перењето на облеката пред да ја ставите во гардероберот ќе го спречи размножувањето на бактерии и ќе го намали ризикот од паразити. Ова е особено важно за спортската облека.
- Ги закачувате џемперите и плетените парчиња во гардероберот. Дури и ако ја најдете вистинската закачалка, нема да ја спречите деформацијата на облеката ако ја чувате на овој начин. Најдобро е да имате посебна полица за џемпери.
Погледнете ги и триковите за секогаш свежа и миризлива облека.