12 типови бакнежи кои можат да ви ги откријат чувствата на вашиот партнер

12 типови бакнежи кои можат да ви ги откријат чувствата на вашиот партнер

Не постои само еден вид бакнеж. Сите бакнежи се посебни на свој начин и секој бакнеж е израз на убавина, љубов, пријателство, сочувство и сензуалност. Бакнежот ги соединува и зближува луѓето. Но, во некои случаи може и да ги раздели. Па, како да го препознаете значењето на еден бакнеж? Ова се 12-те типови бакнежи и нивните значења…

12 типови бакнежи кои можат да ви ги откријат чувствата на вашиот партнер

1. Брз бакнеж

Брзиот бакнеж може да значи многу работи. Со овој бакнеж може да се поздравите или збогувате со пријателите, партнерот или член од семејството. Тој исто така може да биде знак на гневен и оддалечен партнер. Во зависност од личноста која ве бакнала на овој начин ќе можете да препознаете дали се работи за пријателско „Здраво“ или за „Лут/а сум“.

2. Бакнеж со грицкање

Љубовниците и партнерите кои ве грицкаат нежно на крајот од усните се обидуваат да ви кажат дека сакаат нешто повеќе. Повеќе сексуална интеракција, повеќе внимание, повеќе забава. Кога некој ќе ве бакне на овој начин, тоа значи дека многу му се допаѓате на тој човек и сака да си игра со вас. Веднаш.

3. Страничен бакнеж

Кога некој ќе ве бакне од страна, или брза, бидејќи нема време или ве задева на сензуален начин. Оваа личност сака да остварите сексуална поврзаност и посветува време за да ви пристапи.

4. Бакнеж во врат

Вратот е ерогена зона за многу луѓе. Дури и да не ве возбудуваат бакнежите на вратот, сепак станува за многу страстен бакнеж. Кога некој ќе ве бакне на вратот, тоа значи дека ве посакува сексуално. Ова не е пријателски бакнеж, не е бакнеж за раскинување, ниту пак гневен бакнеж. Овој бакнеж го кажува следново „Сакам да те одведам во кревет и ќе го сторам тоа“. Сигурно и вие го чувствувате истото за личноста која ве бакнува во вратот.

5. Гневен бакнеж

Овој бесен бакнеж се случува кога двајца луѓе се гневни еден на друг, се расправаат и одеднаш се грабнуваат и почнуваат да се бакнуваат несмасно, интензивно и по малку агресивно. Овој бакнеж се случува само за време на караница, никогаш претходно и никогаш кога партнерите се смирени и љубезни еден со друг.

6. Бакнеж за раскинување

Ова е најлошиот бакнеж. Тој е тажен, бавен и интензивен. И најчесто солен, поради солзите. Овој бакнеж се случува кога обајцата си кажувате збогум, лице во лице и целата ситуација е многу болна. Ова е еден од оние бакнежи кои не сакате никогаш да заврши, бидејќи откако ќе заврши, сѐ ќе биде готово. Вашата љубовна приказна ќе заврши.

12 типови бакнежи кои можат да ви ги откријат чувствата на вашиот партнер

7. Сериозен бакнеж

Не употребувате јазик. Усните се меки и никогаш не се движат интензивно. Овој бакнеж покажува дека чувствата на вашиот партнер исчезнуваат или можеби има некакви проблеми помеѓу вас двајца кои ве оддалечуваат еден од друг.

8. Патувачки бакнеж

Овој бакнеж почнува на вашите усни, па стигнува до вашиот врат, гради, образи… Тој е знак на желба и потреба. Кога партнерот сака да истражува дел од вашето тело со неговите усни, без разлика дали се работи за вашето лице или целото тело, тој намерно одвојува повеќе време за вас. Овие партнери сакаат да водат љубов со вас и сакаат да го вкусат секое делче од вас. Дајте им го потребното време, бидејќи забавата само што не започнала.

9. Бакнеж во чело

Овој бакнеж е нежен и сладок. Само човекот кој многу ве цени и сака ќе ве бакне во чело. Бакнежот на чело можеби ви делува родителски, но тоа не значи дека вашиот партнер нема сексуални чувства кон вас. Од сите видови бакнежи, овој е најпосебниот. Кој било може да ви ги бакне образите, но луѓето кои ви го бакнуваат челото па дури и носот, несомнено ве обожуваат целосно.

10. Бакнеж на гради

Што значи овој бакнеж? Ако бакнежот „залута“ на вашите гради, најдобро е да почнете со соблекување. Ова е интензивен и страстен бакнеж. Дури и машките брадавици имаат нервни завршетоци, така што штом почнете да се движите јужно од брадата и вратот, подгответе се за игра и забава!

11. Бакнеж на брада

Ако некој ве бакне во брада, најверојатно многу се грижи за вас, но можеби сака да стигне до вратот и градите, па го испитува теренот или се обидува да ги исполни своите потреби, без да остави лош впечаток.

12. Бакнеж што го одзема здивот

Многу добро знаете за што зборуваме! Овој бакнеж нема крај, а не ни сакате да заврши. Вашите лица го променуваат аголот можеби милион пати. Не застанувате ни да земете воздух. Вашите раце се испреплетени и цврсто се држите еден за друг. Чувствувате дека сте се пронашле во овој бакнеж и сакате целосно да се изгубите во другата личност. Времето запира. Обајцата сте буквално гладни еден за друг и вашата потреба е ненаситна.

Секако дека постојат бакнежи кои воопшто не се романтични и забави. Прочитајте кои се најлошите видови бакнежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар