12 тајни кои прехранбената индустрија не сака да ги знаете
Кога купуваме нешто од продавница, најчесто ги одбираме продуктите кои ни изгледаат најубаво. Но дали тоа е правилниот начин? Убавиот изглед не мора да значи добар вкус и квалитет. Овие совети ќе ви помогнат секогаш да ги одберете најдобрите прехранбени производи.
1. Тврдо сирење
Кога купувате тврдо сирење обрнете внимание на неговите боја, дупки и текстура. Не треба да има бела кора и дупките треба да бидат рамномерно распоредени. Ако сирењето не се враќа во првобитната форма откако малку ќе го притиснете, подобро не го купувајте.
2. Месо
Свежото месо е розово, а не светло црвено или кафеаво. Исто така, обрнете внимание на масните линии. Тие треба да бидат многу светли. Доброто месо ќе се врати во својата првобитна форма и нема да се лепи на вашите раце.
3. Кафе
Секогаш купувајте кафе со просечна цена. Евтиното не е добро, а скапото пак, има ист вкус како и сите останати. Доброто кафе никогаш не e спакувано во пластика, само во стакло или метал. Исто така, рокот на траење не треба да биде повеќе од 18 месеци.
4. Мед
Природниот мед е транспарентен и со една боја. Квалитетниот мед е многу сладок и има специфична арома. Ставете капка помеѓу вашите прсти – ако лесно се впие медот е добар.
5. Сладолед
Секогаш читајте ги состојките на сладоледот. Сладоледите со вкус на шумско овошје многу ретко се природни, па затоа најдобро е да одберете сладолед со јаткасти плодови или кандирано овошје.
6. Чоколадо
Прво и основно, обрнете внимание на состојките на чоколадото. Колку листата е пократка, толку подобро. Квалитетното чоколадо мора да содржи какао и најдобро е да ги купувате чоколадите со масло од какао наместо оние со зеленчуково масло.
Продолжува на следната страница…