12 стратегии со чија помош побрзо и полесно ќе пронајдете работа

12 стратегии со чија помош побрзо и полесно ќе пронајдете работа

Интервјуто за работа е првата станица до вашето ново работно место. Многумина знаат да станат нервозни, да се почувствуваат напнато или лошо. Мислите започнуваат да „лудуваат“, а целиот ваш фокус е насочен кон прашањата кои треба да ги одговорите. За гарантиран успех постојат неколку стратегии и совети кои ќе ви помогнат да се опуштите, да се соберете и паметно и мудро да го освоите вашето ново работно место.

1-12-strategii-so-chija-pomosh-pobrzo-i-polesno-kje-pronajdete-rabota-www.kafepauza.mk_

1. Ставете се себеси на прво место. Размислете за вашите вредности и силни страни, а посебно за она што ви е важно. Тоа ќе ви ја намали нервозата и ќе го подигне нивото на задоволство на идното работно место.

2. Немојте да бидете премногу пребирливи. Аплицирањето за ново работно место е слично како и аплицирањето за факултет, каде што имате прв избор на факултет и неколку дополнителни можности во случај да не успеете во оригиналната замисла. Па, направете листа од работните места за кои навистина сонувате, но и оние за кои ви изгледа дека сигурно ќе можете да ги добиете.

3. Средете ги профилите на социјалните мрежи. Погледнете ги првите неколку страни со ваши фотографии на социјалните мрежи и отстранете го сето она што би можело да се смета како непрофесионално.

4. Правилно изберете ја вашата имејл адреса. Многу работници во одделението за вработување велат дека Gmail е сигурен погодок. Притоа имајте на ум да го вклучите целото име и презиме.

2-12-strategii-so-chija-pomosh-pobrzo-i-polesno-kje-pronajdete-rabota-www.kafepauza.mk_

5. Истражувајте доколку е неопходно. Утврдете дали имате врска со кој било во компанијата каде што конкурирате за работа користејќи Linkedin. Можеби ќе ви биде од корист доколку најдете некој што ќе може да ви помогне при одговарањето на прашањата на интервјуто.

6. Држете се до правилото познато како 2/3. Некои мислат дека ако работодавецот ви поставува десет квалификациски барања, тогаш мора да се задоволат сите десет (жените по правило почесто се откажуваат од натпреварување доколку не се исполнат сите барења). Подобро запрашајте се: „Задоволувам ли барем 2/3 од барањата на списокот?“

7. Обликувајте ја пријавата. Погледнете го описот на работа и обидете се да го пресликате на некој начин. Ако компанијата е навистина голема, големи се можностите дека вашата пријава попрво ќе ја прегледа софтвер, а дури потоа луѓето. Заради тоа клучните зборови се најважни.

8. За разговорите на Скајп облечете се како да одите на состанок со некој лице во лице. Така ќе се чувствувате подобро, а тоа е мудро и во случај разговорот да тргне во неочекувана насока.

3-12-strategii-so-chija-pomosh-pobrzo-i-polesno-kje-pronajdete-rabota-www.kafepauza.mk_

9. Дознајте го планираниот распоред. Крајот на разговорот е најдобриот момент за да прашате за следните чекори. Кажете им: „Сакам да знам што можам да очекувам и кога можам да се јавам доколку е нешто потребно.“ Нивниот одговор би изгледал нешто во овој стил: „Имаме неколку кандидати за следната недела и нема да знаеме ништо уште една недела потоа“. На овој начин ќе знаете кога е време за проверување.

10. Заблагодарете се. Испратете порака за да се заблагодарите истиот ден после разговорот. Нека биде именувана и лична. Не ви е потребно повеќе од еден до два реда за да ја направите пораката едноставна.

11. Внимателно следете го развојот на ситуацијата. Постои здрава рамнотежа помеѓу упорност и напорност. Со оглед на тоа дека сте прашале за распоредот, дајте им неколку дополнителни денови, а потоа кажете: „Знам дека сте при крај со разговорите. Само проверувам како стојат работите.“

12. Напишете сјајно CV! И нека не биде подолго од една страница.

За поголем успех, дознајте кои чекори сигурно водат кон успешно интервју за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар