12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк - Part 2

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

7. Како да растопите чоколадни трошки?

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

Можете да го направите ова во сад за бавно готвење. Ставете го чоколадото во огноотпорни садови и ставете ги во садот за бавно готвење. Додајте жешка вода и не затворајте го капакот.

8. Како да ја зачувате свежината на тортата?

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

За оваа намена употребете парчиња леб и чепкалки за заби. Ставете го лебот на исечениот дел од тортата и прицврстете го со чепкалки.

9. Совршени макарунс колачиња

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

Кога ги приготвувате овие колачиња, оставете ги да отстојат барем 20 минути пред да ги ставите во рерна. На овој начин ќе добијат поубава форма.

10. Какво влијание има количината шеќер на печивата?

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

Речиси и да нема рецепт за печиво без шеќер. Тој не само што влијае на вкусот, туку има влијание и на волуменот и на аромата на тортите и слатките. На пример, питата без шеќер е густа, бледа и речиси без арома. Питите со повеќе шеќер имаат подлабок вкус и поголем волумен.

11. Како да ги комбинирате филовите за десерт

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

Комбинирајќи само две состојки – чоколадо и шлаг пена, можете да создадете глазура, фил и основа за други десерти. Важно е да го знаете односот и температурата. На пример, користејќи иста количина чоколадо и шлаг пена, можете да направите фил за торта. Откако оваа смеса ќе се излади, можете да направите чоколадни топчиња.

12. Подгответе ги совршените шпагети

12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк

Готвењето тестенини изгледа очигледно – комбинирајте вода и шпагети и добивате вкусен оброк. Но, за да го добиете совршениот резултат потребни ви се неколку трикови.

  • Садот во кој готвите треба да биде голем за да не се залепат шпагетите.
  • Кога ќе ги додадете шпагетите во зовриената вода, постојано мешајте ги.
  • Исцедете ги шпагетите убаво и не дозволувајте да остане вода во садот.

Погледнете ги и најдобрите совети од италијанските готвачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар