12 совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна
Производителите на храна денес користат секакви адитиви и хемикалии за да ги „подобрат“ своите производи. Многу луѓе кои се грижат за своето здравје веруваат дека овие адитиви може да бидат дури и отровни. Во продолжение погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна.
1. Урда
Дали сакате вистинска урда? Тогаш треба да знаете дека некои производители ѝ додаваат скроб, а со ова ја менуваат нејзината структура.
Како да проверите: Додајте неколку капки јод на урдата и промешајте. Ако добие сина боја, тогаш станува збор за урда со слаб квалитет.
2. Млеко
Повеќето производители додаваат „нормализирано млеко“ на свежото. Нормализираното млеко е изменето за да има помалку маснотии или за да биде целосно обезмастено.
Како да проверите: Измешајте го млекото со чист алкохол во однос 1:2. Ако млекото е со добар квалитет ќе се појават дамки за 5-7 секунди. Ако е лажно, ќе биде потребно подолго време.
3. Кристализирано овошје
Кристализираното овошје е зовриено во пченкарен сируп, а потоа е сушено. Вистинското кристализирано овошје никогаш нема светла боја.
Како да проверите: Ставете го овошјето во топла вода. Ако ја изгуби бојата или се раствори, тогаш сте купиле нешто од желатин и боја за храна.
4. Путер
Некои видови путер содржат зеленчукови масла, како палмино масло, а ова ги прави маргарин.
Како да проверите: Ставете го путерот во зовриена вода. Би требало да се растопи и да направи слој на површината. Маргаринот само ќе се раздели на парчиња.
5. Бел ориз
Некои компании го заменуваат оризот со синтетичка смола и компири. Иако изгледа природно, вкусот не е ист.
Како да проверите: Земете една лажица ориз и запалете ја. Лажниот ориз ќе мириса на пластика и ќе испушта црн чад.
6. Кавијар
Кавијарот за многумина е луксуз, но сепак и кај него има лажни брендови. Лажниот кавијар е направен од морски алги и иако изгледа природно, не станува збор за тоа.
Како да проверите: Ставете малку кавијар во зовриена вода. Ако е висински, протеинот од него ќе направи бела пена. Вештачкиот само ќе се раствори.
Продолжува на следната страница…